05:00 - 22 декември, 2024

Најголемиот негативец во политиката на САД: Се сврте против Трамп, а заради него светот неколкупати беше на работ на бездната (ФОТО)

Џон Болтон не престанува да крева прашина со својата книга во која ги откри бројните детали за американскиот претседател. Сепак, не треба да се заборави колкаво влијание бившиот советник за национална безбедност на Доналд Трамп имал на американската политика. Последиците ќе се гледаат и во следните декади.

Многу од идеите на Болтон остануваат основа на надворешната политика на Трамп, посебно за подрачјето на нуклеарна безбедност и контрола на вооружувањето. Како што беше и по администрацијата на Џорџ В. Буш, каде што беше државен потсекретар за контрола на оружјето и меѓународната безбедност, Болтон зад себе остава пустош кој ќе ја поткопува американската безбедност уште многу години.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Секој нуклеарен предизвик со кој се соочуваат САД денеска се влошува откако Трамп ја презема власта, а неуспехот во ефикасното соочување со Иран, Северна Кореја и Русија во голем дел се резултат на идеите на Болтон.

Многу од ризиците кои Трамп ги наследи произлегуваат од акциите кои Болтон ги презема или за кои се залагаше во времето кога служеше под Буш, пишува Форин полиси.

За само неколку години – меѓу 2001 и 2005 година, Болтон овозможи три лоши одлуки: повлекување од Договорот против балистички ракети со Москва од 1972 година, напуштање на Договорената рамка од 1994 година со Северна Кореја и спроведување на инвазија на Ирак заради имагинативното оружје за масовно уништување.

Со овие три одлуки може да се извлече директна линија кон тековната трка за вооружување со Русија, со Северна Кореја и растот на Иран на Блискиот Исток.

Ова наследство беше начинот на кој Болтон му се претстави на Трамп, заради што американскиот претседател го постави Болтон на позицијата советник.

Резултатите на политиката под Трамп и Болтон беа за жал предвидливи. Болтон одамна беше критичар на иранскиот нуклеарен договор, кој претходно успешно ја запре програмата за нуклеарно оружје на Техеран. Тоа е истата програма за оружје која напредуваше додека Болтон беше на функција под Буш, пред да биде постигнат договор.

Кога Болтон се врати во Белата куќа, го поттикна Трамп да преземе последните чекори за да го сруши договорот и повторно да наметне санкции на Иран, и покрај тоа што таа земја не го прекршуваше договореното. Денеска кога САД го напуштија договорот, иранските нуклеарни способности повторно растат.

Кога станува збор за Северна Кореја, трагите од Болтон никогаш нема да се отстранат.

Иако Трамп лошо ја процени сопствената преговарачка вештина, неговата  подготвеност за преговори директно со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пружи шанса за напредок – подвиг кој не успејаа да го остварат ниту еден од неговите двајца претходници.

Меѓутоа, шансите за успех на Трамп се намалија со неговата неподготвеност, но и со однесувањето на Болтон, кој наводно го предложил либискиот модел на разоружување како визија на договорот со Северна Кореја. Морничавата судбина на бившиот либиски лидер Муамер ал Гадафи секако звучело како закана за Ким.

Прашање е дали Трамп воопшто знаел дека Болтон помогнал да се уништи нуклеарниот договор од 1994 година со Северна Кореја под Буш и со тоа ја отворил вратата на сегашната растечка нуклеарна сила која го вознемирува целиот регион.

Болтон секако влијаел и на повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили со среден домет (ИНФ) како и на најавата на процесот на повлекување од Договорот за отворено небо – двете со Русија.

Тие потези довеле до тоа во Русија да се види развој на нови опасни вооружени системи.

Меѓутоа, Болтон овие системи не ги гледа како знак на реакција од Русија на повлекувањето на САД од договорот, туку доказ на лошите руски намери спрема САД. Тој ги гледа како нови закани на кои треба да им се спротивстават, а не да се спречат. Исто како Трамп, и Болтон не е навикнат да прифати лична одговорност за претходните постапки.

А сега сите стравуваат дека САД ќе излезе и од последниот договор кој би требало да го штити светот од ширењето на нуклеарно оружје – Новиот СТАРТ.

Не е сигурно дали книгата на Болтон за Трамп ќе донесе крај на неговата власт, меѓутоа едно е јасно – Болтон со своите потези го направи светот многу небезбедно место.

The post Најголемиот негативец во политиката на САД: Се сврте против Трамп, а заради него светот неколкупати беше на работ на бездната (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Најголемиот негативец во политиката на САД: Се сврте против Трамп, а заради него светот неколкупати беше на работ на бездната (ФОТО) was first posted on јули 6, 2020 at 8:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....