-2.2 C
Скопје
06:59 - 19 декември, 2024

НАЈДОБРA СТРАТЕГИЈА- по искуството на Кина: Мерките не смеат да се прекинат пред да се создаде вакцината!

Пред да им дозволат на луѓето да излезат од дома и да се вратат на работа, владите ќе треба внимателно да ја следат ситуацијата и да ги прилагодат мерките, сè додека не биде создадена вакцина против Ковид-19, е заклучокот на новата студија заснована врз кинеско искуство.

Агресивните кинески методи за контрола на секојдневниот живот во борбата против коронавирусот придонеле за крај на првиот бран на инфекцијата, но постојат реални причини за очекување на втор бран – велат научниците од Хонгконг.

Иако мерките јасно помогнаа да се сведе бројот на случаи со инфекцијата на многу ниско ниво, без притоа да се здобијат со колективен имунитет, бројот на заразени лесно може да се зголеми со постепеното обновување на дејноста во претпријатијата, фабриките и училиштата, како и интензивирање на социјалната интеракција, особено поради глобалното ширење на заразата, расте и ризикот од „увоз“ на вирусот од странство- објаснува професорот Joseф Т. Ву од Универзитетот во Хонгконг, еден од раководителите на студијата.

Во Кина, просечниот број на лица кои се заразуваат од еден заболен (т.н. репродуктивен број) е намален од две или три на помалку од една личност, но научниците предупредуваат дека овој број повторно ќе се зголеми доколку луѓето премногу брзо се вратат на нивниот нормален начин на живот и ако се укинат сите мерки.

– Иако мерките за контрола на популацијата, како што се физичката доистанца и промената во однесувањето, веројатно ќе останат во сила некое време, веројатно тоа е најдобрата стратегија –се до моментот кога ќе се пронајде вакцината, се вели во студијата објавена во медицинското спсисание „Лансет“.

Доколку се ​​дозволи повторно да се рашири инфекцијата, веројатно ќе бидат предизвикани поголеми здравствени и економски загуби, дури и ако повторно се воведат ригорозни мерки, велат научниците.

Затоа, одржувањето на мерките на ниво што го спречува ширењето на инфекцијата, ќе биде најверојатно оптимална стратегија сè додека не се добие ефективна вакцина.

The post НАЈДОБРA СТРАТЕГИЈА- по искуството на Кина: Мерките не смеат да се прекинат пред да се создаде вакцината! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....