-4.2 C
Скопје
02:25 - 23 декември, 2024

МВР истражува дали изјавата на родилката од ГАК ја украл медицински работник

Полицијата треба да ги прегледа снимките од камерите од само една вечер за да види кој влегол во одделот на ГАК каде се чува медицинската документација и ја украл изјавата на родилката што не кажала дека имала симптоми на ковид и дека нејзиниот свекор се тестира за вирусот.

Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, за „Слободен печат” тврди дека изјавата исчезнала од медицинското досие на жената откако случајот беше објавен во медиумите. Тоа остава кратка минутажа од камерите што треба да ја прегледаат полицијата и да види кој влегувал и излегувал во просторијата каде се чувал документот. Евидентно било дека изјавата била искината од досието, точно се гледало каде е искинат листот, а снимките од камерите биле предадени во МВР.

Сомнежите се дека единствено медицински работник можел да влезе на одделот каде стоел документот кој бил чуван зад заштитена врата со систем низ кој се влегувало со картичка. Но, на Клиниката нема толку софистицирана технологија која ги регистрира компјутерски отчуканите картички, и оттука единствената надеж дека случајот ќе се расчисти е тоа дека полицијата ќе најде кој влегувал и излегувал од просторијата. Во меѓувреме, на ГАК имаат полни раце работа и ги демне сомнежот дека некој меѓу нив не е од доверба штом можел да го украде документот. Тоа претставува кривично дело за кое е предвидена затворска казна.

Полицајци цела недела доаѓале на Клиниката, земале изјави од вработените и истрагата е во тек.
Од наши извори дознаваме дека дури откако се породила во Ремедика и откако стигнал позитивниот резултат за ковид, родилката била хоспитализирана на Инфективната клиника, каде дала податок дека имала симптоми на настинка, црвено грло од пред една недела, за која се лекувала со симптоматска терапија и симптомите се смириле. На Инфективната клиника дала податок дека свекорот е позитивен на Ковид.

Но, на ГАК, случајот воопшто не бил таков. Според изјава на директорката, доктор Јовановска, пациентката била примена без симптоми, а на епидемиолошкиот прашалник што потоа некој го украл, кажала дека нема симптоми и дека нема некој што е позитивен во фамилијата, односно нејзиниот свекор. Но, на клиниката се расчуло, сосема случајно, преку конекции на болничкиот персонал, дека таа во фамилијата има позитивен случај на Ковид 19. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш пациентката, инаку со завршен Медицински факултет, на своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во Ремедика да се породи.

Свекорот пак, во изјава за медиумите рече дека родилката немала информација дека тој е позитивен, зашто резултатот му стигнал истиот ден кога таа била хоспитализирана.

– Дури и да не знаела дека има во фамилијата некој позитивен, требала барем да каже дека има некој што се тестира. Понатаму, на Инфективната клиника дала податок дека таа самата имала симптоми и примала терапија. Тоа нас ни го нема кажано, вели доктор Јовановска.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но не даваат ништо поконкретно како информација, освен она што е веќе познато, дека на 11 јуни, од страна на ГАК било пријавено дека во нивната картотека каде што се чуваат досиејата за пациенти, од едно од досиејата им недостасувало изјава од пациент а во врска со постапка за Ковид 19.

The post МВР истражува дали изјавата на родилката од ГАК ја украл медицински работник appeared first on Слободен печат.


МВР истражува дали изјавата на родилката од ГАК ја украл медицински работник was first posted on јуни 16, 2020 at 11:41 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....