6.8 C
Скопје
15:41 - 22 декември, 2024

Мистериозната смрт на докторите: Не се борат само со коронавирусот, туку и со стравот (ФОТО+ВИДЕО)

Медицинските работници кои се борат со пандемијата на Ковид-19 во САД, Велика Британија и други делови од светот се соочуваат со голем ризик за сопственото здравје, а јавноста за тоа им е многу благодарна, пишува Си-Ен-Ен.

Но, од друга страна, во Русија здравствените работници велат дека се соочуваат со страв, недоверба, па дури и отворено непријателство.

Фото: Профимедиа

Татјана Рева, специјалист за интензивна нега во централната болница на градот Калач во јужна Русија во март споделила видео за недостаток на опрема, а откако тоа стана вирално, таа била повикана од полицијата на разговор.

– Повикана сум во полиција и дадов изјава во присуство на адвокат, рекла Рева и додала дека истражителите потоа ја провериле достапноста на заштитни средства и респиратори во болницата.

Таа нагласила дека проверката е извршена еден месец откако укажала на проблемите.

– Можете да замислите колку опрема беше купена за време на тој месец, рекла Рева која полицијата не ја казнила, но се плаши од професионална одмазда.

Главниот лекар на болницата Олег Кумеико рекол во изјава на 29 март дека информациите објавени на Јутјуб се апсолутно невистинити.

Покрај тоа, во Русија владеат и теории на заговор, па заради тоа Русите не им веруваат на медицинските лица.

Фото: Профимедиа

Социлогот Александра Архихипова рекла дека недовербата во медицинската професија одразува недоверба во државата. Додека некои Руси ги гледаат лекарите како херои, многу во руското општество ги гледаат како „предавници или негативци“ кои учествуваат во плановите за контрола на луѓето.

– Русите не веруваат во државна медицина, веруваат само на лекарите кои лично ги познаваат, рекла Архипова за Си-Ен-Ен.

Очајот кај руските лекари кои се соочени со јавен презир и големиот притисок се појавија како морничава тема по низа на мистериозни смртни случаи. Еден лекар на итната помош, Александер Шулепов се здоби со тешки повреди на главата по пад од прозор од болницата, а во слични околности починаа уште двајца лекари.

И коронавирусот во голем број ги убива руските лекари. Според службените информации во Русија досега се починати повеќе од стотина медицински работници. Но, здравствените работници скептични на податоците од владата, составиле неофицијална листа на своите колеги кои починале борејќи се против пандемијата, и според нивните податоци таа бројка надминува 300.

Од друга страна, илјадници лекари веќе се заболени од коронавирусот. Стела Корчинскаја, специјалист за рендгенски снимки во централната градска болница Реутов во московскиот регион, рекла дека лекува само пациенти со воспаление на белите дробови и дека во болницата не се обезбедени практични средства за заштита. Таа сега е позитивна на коронавирусот.

– Кога почна епидемијата, практичо немавме заштитни средства, немавме рееспиратор, немавме ни основна медицинска опрема. Се штитевме како можевме, рекла таа за Си-Ен-Ен.

Што се крие зад мистериозните самоубиства на руските лекари? (ВИДЕО)

 

The post Мистериозната смрт на докторите: Не се борат само со коронавирусот, туку и со стравот (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Мистериозната смрт на докторите: Не се борат само со коронавирусот, туку и со стравот (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 29, 2020 at 11:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....