7.8 C
Скопје
04:51 - 29 ноември, 2024

Македонско-бугарската комисија ќе се сретне, но по избори, дотогаш ќе нема ниту виртуелно соочување

Политички притисок врз македонската страна во македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања. Ова е одговорот за зачестените напади од бугарски официјални претставници, за одложената 10 средба на мешовитата експертска комисија.

– Повторно се случува политички притисок врз нас кој е контрапродуктивен. Комисијата треба да биде оставена да работи онака како што налага дискусијата, но и темите кои се отворени или, пак, допрва ќе се отвораат. Политичкиот притисок не може да даде поттик за поуспешна работа на Комисијата туку го прави обратното. Комисијата е формирана врз база на договор од двете дежави на паритетна основа. Така што и двете страни во Комисијата се апсолутно рамноправни – велат извори во Комисијата за Слободен печат.

Од мноштовото изјави на бугарски претставници против работата на Комисијата, водат оние на европратеникот Андреј Ковачев и шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева. Министерката за надворешни работи во интервју за бугарската телевизија Канал 3 рече дека взаемен интерес е, тие (н.з. Македонија) да ја признаат историјата, а истовремено, ние (н.з. Бугарија) да ја признаеме реалноста во моментов. Таа уште рече дека македонскиот јазик бил напишан во 45-та година, врз основа на западно-бугарски дијалект. Бугарија бара во европските акти да не се споменува македонски јазик, туку само јазик на Република Северна Македонија.

Европратеникот пак, Андреј Ковачев најави дека доколку мешовитата комисија не продолжи со работата и доколку „продложи фалсификувањето на историјата”, меѓувладината конференција за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде одложена сè додека не биде постигнат напредок.

За ваквите закани, извори во Комисијата за Слободен печат велат дека работата на Комисијата не е одложена по нивна волја, туку поради изборите закажани на 12 април, а одложени поради светскта пандемија предизвикана од коронавируисот.

– Кој знаеше дека ќе се случи заразата и средбите ќе се одложат поради Ковид 19. А претходно сме рекле дека работата на Комисијата ќе паузира поради изборите. Доколку имавме средби тие ќе беа злоупотребени, и овде кај нас во Македонија, но и во Бугарија. Доколку заврши епидемијата и потоа нема брзи избори во Македонија ќе нема причина Комисијата да не ја продолжи својата работа. Но, доколку бидат закажани изборите, тогаш тет а тет средбите на оваа Комисија би биле многу пречувствителни – велат од Комисијата.

Нашиот извор во Комисијата потенцира дека доклолу не се случеше заразата од коронавирусот можеби сега би се зборувало за евентуални резултати од 10-та средба.

Нападите од бугарска страна зачестија, но официјален одговор од Македонија засега нема. Од МНР за медиумте изјавија дека заштитата на македонскиот идентитет, процесот на пристапување кон Европската Унија и добрососедските односи со Бугарија, не само што не се меѓусебно исклучиви цели, туку се целосно комплементарни интереси.

– Во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно. Прифаќањето на сегашноста и на минатото, е еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, и мора да се темели токму на ова право – рекоа во МНР.

Мешовитата експертска македонско-бугарска комисија до сега одржа 9 средби. Постигна одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за македонскиот револуционер Гоце Делчев. Според досегашните изјави од двете страни се очекува разгледувањето на настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, однсно периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, да биде најтежок.

The post Македонско-бугарската комисија ќе се сретне, но по избори, дотогаш ќе нема ниту виртуелно соочување appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....