-2.2 C
Скопје
00:00 - 19 февруари, 2026

Велковски се закани: Данела Арсовска да се извини во рок од 48 часа, ќе ја тужам за клевета

Генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски кој завчера поднесе оставка бара градоначалничката Данела Арсовска јавно да му се извини, а ако тоа не го стори во рок од 48 часа, тој ќе поднесе тужба за клевета.

– На ден 12 септември 2022 година, на одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела Арсовска се изнесени невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопштение до јавност од кабинетот на Градот Скопје. Со индигнација ги отфрлам тврдењата дека на било кој начин сум работел несовесно и сум влијаел на процесот за избор на компанија за пречистителната станица! Се работи за клеветничка изјава која го нарушува мојот углед и чест, објави Велковски на Фејсбук.

Тој бара, според одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, (член 13 и 14), Арсовска во целост да ја повлече изјавата и да се извини за, како што вели, „невистините и лагите кои ги шири и со кои ја манипулира јавноста“.

– Во спротивно, доколку не постапи по ова барање во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета, додава Велковски.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....