2.8 C
Скопје
14:44 - 23 декември, 2024

ТАВ на готовс – се чекаат вакцините против ковид-19

Најмладиот пациент кој почина вчера од ковид-19 во нашата држава има само 42 години, покажува статистиката од Министерството за здравство. Спасот сите го гледаме во вакцините, кои се најавени од сите страни. Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјави дека склучиле договор со Бугарија, при што од секоја количина на вакцини што ќе ја добива земјата, одреден дел ќе добива и Македонија.

Покрај Бугарија најава за донација имаме и од Грција и од Полска. Директна количина на вакцини од Фајзер ќе се добие во втора половина на 2021 година, бидејќи Македонија е мал пазар, додека конечен одговор од АстраЗенека сè уште нема, рече министерот.

Вчера во Македонија починаа 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, бројката на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340, а бројот на активни случаи изнесува 20.751, покажуваат последните податоци од Министерството за здравство.

Скопје и натаму е град со најмногу регистрирани лица позитивни на ковид-19.

На предлог на Министерството за здравство, Владата вчера ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против ковид-19 и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и достават до Министерството за здравство сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против ковид-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против ковид-19.

Владата, исто така, му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од 7 (седум) работни дена да изготви и достави до Министерството за здравство сопствен акциски план (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против ковид-19.

Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20% од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести.

Пред два дена Владата донесе Одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година. Одлуката е донесена врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

Владата ја дополни одлуката за спречување на ширењето на ковид- 19 со обврска за секој патник од Велика Британија и Северна Ирска што влегува во земјата на било кој граничен премин задолжителниот карантин во домашна изолација да ги спроведува врз основа на изјава која ќе ја пополнува на граничниот премин при влез во земјата, а патниците што транзитираат имаат обврска земјата да ја напуштат во рок 24 часа.

Слични објави

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо
Се вчитува....