-4.2 C
Скопје
03:10 - 25 ноември, 2024

Македонија повторно омилена земја за мигрантите кои бегаат кон ЕУ

Повеќе од 1.000 мигранти од земјите од Блискиот Исток, Африка и Азија се откриени во изминативе две недели од македонската полиција при нивниот обид илегално од Грција, да ја минат територијата на Македонија и потоа да се упатат кон некоја од земјите од Европската Унија. Само вчера полицијата откри 59 мигранти.

Според МВР, во куќа во кумановското погранично село Ваксинце откриени се 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица. Триесет и осум од мигрантите биле од Пакистан и 13 од Авганистан. Истиот ден пак откриени се други осум мигранти од Пакистан. Тие биле превезувани во автомобил „рено меган“ кој сообраќал на автопатот Скопје – Куманово. Возачот на автомобилот кај патарината „Романовце“ удрил во полициско возило. Во несреќата нема повредени. По незгодата, возачот на возилото избегал, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Од полицијата велат дека тимот кој се справува со илегална миграција покажа големи резултати откривајќи 878 илегални мигранти кои сакале да влезат во земјава, од кои дури 680 се откриени на овој граничен премин.

– Пред некој ден во камион беа откриени 142 илегални мигранти, а лицето кое го сторило тоа кривично дело е идентификувано и против него, во соработка со јавното обвинителство, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Земјата се уште се соочува со предизвиците од илегалната миграција. Откривањето на мигрантите на овој потег во државата се поместува југоисточно, во струмичкиот регион. Во изминатот период најчесто мигрантите ја користат планината Беласица за илегално преминување на државната граница. Како рутата за илегални преминувања се поместува кон струмичкиот регион, така се засилуваат и контролите и на овој дел од Југоистокот. Со отворањето на границите на европските држави се зголемува и притисокот за влез и транзит на мигранти низ земјава. Само во март, април и мај годинава откриени и фатени се 3.047 мигранти – велат од полицијата.

По забележителниот пад на мигрантските текови во април, бројот на бегалци кои сакаат да стигнат до ЕУ повторно драстично се зголеми. Во мај, недозволеното преминување на границите преку главните мигрантски рути во Европа се зголеми три пати во однос на претходниот месец. Според податоци на граничната агенција на ЕУ, Фронтекс, станува збор за 4.300 нелегални гранични преминувања. Најактивно користената рута, според извештаите, била Источниот Медитеран преку Турција и Грција.

Во мај, Фронтекс таму регистрираше 1.250 нелегални премини, што е осум пати повеќе отколку во април. Од јануари до мај се потврдени 12.700 случаи, што е за 28 отсто помалку отколку во истиот период лани. Повеќето мигранти пристигнуваат од Авганистан.

Повеќе од 900 нелегални премини преку границите се регистрирани во мај преку западнобалканската рута, што е десет пати повеќе во споредба со април. Во периодот јануари – мај се регистрирани над 6.900 случаи, што е зголемување за 50 проценти во однос на истиот период лани.

 

The post Македонија повторно омилена земја за мигрантите кои бегаат кон ЕУ appeared first on Слободен печат.


Македонија повторно омилена земја за мигрантите кои бегаат кон ЕУ was first posted on јуни 15, 2020 at 12:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....