1.8 C
Скопје
15:42 - 23 декември, 2024

Лекарите предупредуваат: Не трчајте во аптеките по Дексаметазон!

Лекот Дексаметазон, кој е стероид, може да спаси животи за пациентите со Ковид 19 што имаат критично тешка клиничка слика. Ова го покажала најнова клиничка студија на Оксфорд, а Светската здравствена организација им честиташе на универзитетот Оксфорд и на Велика Британија. Но, македонските лекари предупредуваат, граѓаните никако да не се затрчуваат во аптеките во набавка на овој лек, бидејќи земан на своја рака може да чини живот! Сепак, со проверка во две поголеми аптеки во Скопје, дознавме дека една ампула чини 22 денари и дека за неа не треба рецепт.

Веќе излекуван медицински работник од Дебар, доктор Арбен Аголи, во разговор за Слободен печат посочува дека Дексаметазон примал три дена во периодот кога имал коронавирус пред два месеци и дека многу му помогнал.

– Ако се употребува во големи дози и подолготрајно, може да предизвика шеќерна болест, ја надразнува надбубрежната жлезда, ги пореметува хормоните во организмот, предизвикува остеопороза, супресија на коскената срцевина. Јас го земав во инфузија три дена и ми помогна. Корисен е, но никако да не се зема на своја рака – ни рече докторот.

Студијата на Универзитетот Оксфорд покажува дека оваа терапија со Дексаметазон покажала намалена смртност кај пациентите што имаат Ковид 19 и имаат потреба од респиратор или кислородна поддршка. СЗО ќе ги ажурира клиничките упатства за употреба на лекот за случаи на Ковид 19. Тестирањето изведено врз 2.104 пациенти покажало дека мали дози од лекот, може да ја намалат смртноста за триесет проценти кај пациенти на респиратор. Оние што биле на кислородна поддршка пак, имале намалена смртност за 20 проценти.

„Слободен печат“ контактираше анестезиолози кои тврдат дека за кортикостероидите секогаш важи правилото „колку корист, толку штета“.

Тие го буткаат имунолошкиот систем да не реагира и имаат антивоспалително дејство. Може да помогнат кај некои случаи на коронавирус, ама докторите ќе одлучат кај кои. Самите луѓе никако! Од несакани ефекти предизвикува чир на желудник, остеопороза, пореметена функција на надбубрег, психози, катаракта, метаболни пореметувања. Значи, не е прв лек за употреба кај вирусот! Бидејќи прави задршка на вода, ќе даде хипертензија, ќе го оптовари срцето. Луѓе со скриена шеќерна болест може да станат дијабетичари, вели доктор Гордана Николиќ од кумановската болница, која го победи коронавирусот по 45 дена, долга и тешка битка.

Лекарите предупредуваат дека дексаметазонот во конкретниот случај е само за пациенти со потешка клиничка слика на Ковид, со респираторна симптоматологија, не се пие на своја рака и не се зема без јасна индикација и сугестија од лекар.

Во студијата на Оксфорд, вкупно 2104 пациенти во период од 10 дена примале по 6 милграми Дексаметазон еднаш дневно, или како апче или интравенозно, ампула. Потоа нивните резултати биле споредени со вкупно 4.321 пациент што не го примале овој лек. Лекот помогнал за критичните пациенти да имаат помала смртност за една третина кај тие на респиратор и една петтина за тие на кислородна поддршка. Студијата нагласува дека немало бенефит за тие што не биле на респиратор или што немале потреба од кислородна поддршка.

Главниот истражувач во студијата на Оксфорд, професор по медицина и епидемиологија на универзитетот Мартин Лендреј, е воодушевен што лекот кој значително ја намалува смртноста кај критичните пациенти е достапен во светот и е многу евтин.

– Првичните резултати се многу јасни. Дексаметазонот е првиот третман кој покажува поголема стапка на преживување кај пациентите со Ковид 19 кои се критични да им треба респиратор или кислородна поддршка. Овој лек треба да стане стандард за овие пациенти со потешка клиничка слика, изјави доктор Лендреј.

Би-Би-Си: Лекот дексаметазон може да помогне да се спасат животите на заболените од Ковид-19

The post Лекарите предупредуваат: Не трчајте во аптеките по Дексаметазон! appeared first on Слободен печат.


Лекарите предупредуваат: Не трчајте во аптеките по Дексаметазон! was first posted on јуни 17, 2020 at 11:56 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....