11.8 C
Скопје
12:06 - 22 ноември, 2024

Лекар откри техника на дишење која може да ги ублажи симптомите на ковид-19

Луѓето кои го почувствувале коронавирусот на своја кожа навеле дека во некои моменти на болеста се чувствувале беспомошно, а еден лекар открил техника на дишење за која тврди дека може да ги ублажи симптомите.

Пациентите кои се лекувани од коронавирусот, прераскажувале различни фази на заболувањето од ковид-19. Симптомите вклучувале интензивни епизоди на кашлање и отежнато дишење, бидеќи овој вирус, пред сѐ, е респираторна инфекција, па поради тоа белите дробови се најтешко погодени од инфекцијата.

Доктор Сарфараз Мунши, началник на одделот за интензивна нега во болницата „Квинс“ во Англија, на социјалните мрежи споделил совети за техника на дишење, која би можела да ги ублажи симптомите на коронавирусот.

Доктор Мунши вели дека оваа техника ја развила неговата колешка Су Елиот, главна медицинска сестра која редовно ја користи оваа техника кај пациентите кои се на одделението за интезивна нега.

Како функционира оваа техника?

За почеток треба да направите пет длабоки вдишувања и да го задржите секојпат здивот пет секунди. На шестото вдишување повторно задржете го здивот пет секунди, а потоа накашлајте се, покривајќи ја устата. Потоа, повторете ја постапката.

Следниот чекор е да легнете на стомак на кревет со перницата под вас и наредните 10 минути дишете подлабоко отколку вообичаено.

– Ова е најважниот дел бидејќи лежењето на грб може да ви ги затвори малите дишни патишта.

Имајте на ум дека поголемиот дел од белите дробови е на грбот, а не на предниот дел, така што лежењето на грб ги покрива помалите дишни патишта. Ова не е добро во текот на периодот на инфекцијата и може да доведе до ателектаза која може да доведе до секундарно воиспаление на белите дробови и да ја влоши состојбата – објаснил докторот.

The post Лекар откри техника на дишење која може да ги ублажи симптомите на ковид-19 appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....