4.8 C
Скопје
01:27 - 26 декември, 2024

„Ла Кроа”: Софија би можела да истрае во блокирањето на Северна Македонија, но делумно и блефира

Под насловот „Бугарија-Северна Македонија: јазична кавга” парискиот весник со демохристијанска ориентација „Ла Кроа” пишува дека Софија го оспорува постоењето на македонски јазик и се заканува да го блокира отворањето на пристапните преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија. Софија би можела да истрае во блокирањето, но делумно и блефира, смета весникот, бидејќи, како што наведува, таа не би добила многу со спротивставувањето на нејзините европски партнери за отворање на пристапните преговори, кои во секој случај ќе траат десетина години, јави дописникот на МИА од Париз.

Тоа е историска кавга, која не е невообичаена на Балканот, се вели во почетокот на статијата на „Ла Кроа”.

-Во септември, ултранационалистичкиот министер за одбрана Красимир Каракачанов најави дека Бугарија ќе го блокира отворањето на пристапните преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија доколку не се реши нивната „историска расправија”. За што станува збор. Бугарија прво го оспорува постоењето на посебен македонски јазик, и како таков признат од европските институции. Софија бара македонскиот јазик да се смета за бугарски дијалект. Бугарските националистички кругови го опишуваат македонскиот јазик како „вештачка” творба на Титова Југославија., пишува „Ла Кроа”.

Двете земји, продолжува со објаснувањето „Ла Кроа” исто така, расправаат околу етничкиот идентитет – бугарски или македонски – на историски личности кои се бореа против османлиската окупација, како што е Гоце Делчев, прославуван како национален херој во двете земји. Друго контроверзно прашање е третманот на бугарското малцинство во Северна Македонија и македонското малцинство во Бугарија, додава францускиот весник.

На почетокот на декември, се очекува одржување на првата Меѓувладината конференција, со која се означува официјален почеток на преговорите за членство, што е и еден од приоритетите на германското претседателство со ЕУ, но сепак, како што наведува парискиот весник Софија се заканува со вето.

Потсетува дека за време на посетата на Скопје еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји ги повика двете земји „да најдат решение за овие прашања, кои се предмет на недоразбирања” и посочи дека доколку не бидат решени, ќе биде многу тешко да се оди напред.

Весникот нагласува дека Во 2017 година, Софија и Скопје потпишаа историски договор за пријателство, со кој се предвидува создавање на комисија составена главно од историчари за решавање на овие спорови. По десетмесечна пауза, оваа комисија се состана во Скопје на 15 и 16 октомври, а повеќе состаноци се закажани во престојниот период, објавува весникот. 

„Ла Кроа” ја пренесува изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, дадена неодамна во која тој рече:  „Крајно време е за политичко решение кое ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата, добрососедски односи и почитување на нашиот идентитет и нашиот јазик. Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се направат со историјата, идентитетот и јазикот, или со тврдења за националните малцинства. “

Весникот додава дека од своја страна, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев е оптимист во врска со можноста за постигнување компромис, потсетувајќи дека тој треба да ја посети Софија на почетокот на ноември. Во продолжение ја пренесува изјавата на Заев дека доколку Бугарија ја задржи својата позиција, „нема план Б”, односно постои можност да не се одржи првата Меѓувладина конференција во декември. 

Под ист изговор, забележува „Ла Кроа”, Бугарија неколку месеци блокираше договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за учество на полицајци од Фронтекс за контролата на граница со Грција.

Европски дипломат за весникот вели дека Бугарија би можела да истрае во блокирањето, но во тоа има  и дел  на блеф.

-Внатрешната бугарска политичка ситуација, со демонстрациите против корупцијата и наддавањето на националистичката партија ВМРО, член на владината коалиција, игра важна улога во оваа расправија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов би можел да истрае во неговото блокирање, но во тоа има елементи на блефирање, бидејќи тој не би добил многу со спротивставување на неговите европски партнери за отворање на пристапните преговори, кои во секој случај ќе траат десет години”, истакнува европскиот дипломат за „Ла Кроа”.

The post „Ла Кроа”: Софија би можела да истрае во блокирањето на Северна Македонија, но делумно и блефира appeared first on Слободен печат.


„Ла Кроа”: Софија би можела да истрае во блокирањето на Северна Македонија, но делумно и блефира was first posted on октомври 23, 2020 at 1:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....