-2.2 C
Скопје
08:08 - 23 декември, 2024

Компјутер за секој пратеник

Веста дека Собранието со амин на спикерот Талат Џафери се подновило со 100 лаптопи како бомба одекна во јавноста, а предизвика и бурни реакции на социјалните мрежи. Нападите беа испровоцирани и од високата цената на компјутерите – 900 евра еден, но и од ниската свест на секој пратеник со плата од 1.000 евра за секој еден народен избраник. Подоцна се покажа дека станува збор за донација од Швајцарија и дека лаптопите не биле за пратениците туку за собраниските служби. Иако не би ме изненадило тие да завршат и кај пратениците бидејќи дел од нив се пожалија дека не можеле онлајн да работат, затоа што немале компјутери дома.

Но, зошто јавноста така бурно изреагира? Затоа што јавноста е особено чувствителна на „луксузирањето“ на пратениците, кои секогаш и веднаш добиваат сѐ што ќе посакаат. Се разбира, и поради тоа што се во господска позиција прво себеси да си направат брада. А гласачите, поточно нивните деца кои немаат лаптопи, ниту шанса да ги купат, за да следат настава, нека се снаоѓаат сами. Тие дома немаат спикер како Џафери. Министерката за образование Мила Царовска на овие родители им порача: вие што немате компјутери, следете си настава на телевизискиот сервис МРТВ, ние не можеме да ви купиме.

Министерката Царовска решила да штеди на греење – наставниците може да предаваат онлајн од дома за да не се грее училницата. А ние дома што мора да грееме три соби за да може децата да следат онлајн настава, а да не смрзнат, што да правиме со нашите сметки за струја? А, што е со наставниците? Имаат ли услови од дома да предаваат, компјутери, интернет…? Министрите и пратениците не ги интересира. Или и ним ќе им порачаат – одете на МРТВ, па снимајте се.

Работава испадна кучињата лаат, карванот си врви. Македонија е држава во која Уставот им ги гарантира на граѓаните основните човекови права, социјална правда и економска благосостојба. Но, очигледно функционерите кои управуваат со државата, со години наназад забораваат на уставните одредби. Се разбира, не за нивните, туку само кога станува збор за правата на другите. На тие што ги гласале, на пример.

Треба, ама џабе е постојано да им се повторува: доста веќе се однесувате себично и се расфрлате со нашите пари. Ставете си го прстот на главата и размислете малку. На кој начин вложувате во иднината на нашите деца? Кенеди еднаш рече: „Не ја прашувај државата што таа може да направи за тебе, запрашај се што можеш ти да сториш за неа“. Вие, почитувани функционери, се прашувате некогаш дали може да направите и нешто корисно за државата, односно за граѓаните?

The post Компјутер за секој пратеник appeared first on Слободен печат.


Компјутер за секој пратеник was first posted on октомври 22, 2020 at 10:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....