3.8 C
Скопје
21:37 - 20 декември, 2024

Кинеска докторка со нови шокантни докази: Короната е биолошко оружје создадено во воена лабораторија

Иако научниците ширум светот тврдат дека вирусот настанал во природата и дека никако не можел да биде вештачки створен, Ли Менг Јан, кинески виролог, тврди дека коронавирусот настанал во воена лабораторија.

Таа го обвинува Пекинг дека го фабрификувал геномот на вирусот за да го прикрие фактот дека развил биооружје.

Таа наведува дека вирусот е значајно вирулентен и може да предизвика големи жртви. Многу е заразен и лесно се пренесува, често преку респираторен пат во облик на аеросоли. Релативно е отпорен на промените во животната средина, може да издржи транспорт и способен е за целно испуштање.

Професорката Ли Менг и нејзините тројца колеги на повеќе од 50 страници тврдат дека вирусот SARS-KoV-2 настанал во неколку светски лаборатории, од кои оние во Кина се под контрола на тамошната војска.

Како еден од главните автори на коронавирусот таа ја означува докторката Зенгли Шу, која во западните медиуми е позната како „Бетвомен“ (жена лилјак), а во 2012 година експериментирала со лилјаци.

Трудот на професорката Ли Менг Јан е објавен на 8 октомври на истражувачкиот ковид-портал Зенодо: „SARS-KoV-2 како неограничено биолошко оружје“.

Ли Менг е професорка од најреферентната биолабораторија од Универзитетот во Хонгконг, а од 28 април живее во САД. Во Америка професорката е дочекана како „кинески Сноуден“ и треба да сведочи за одговорноста на Кина за појавата на заразата.

Во меѓувреме, кон средината на септември суспендирани ѝ се налозите на социјалните мрежи во САД, откако на Фокс њуз зборуваше за биотероризмот. Минатата недела нејзината мајка била уапсена во Кина.

Нејзиниот најнов труд веројатно нема да ѝ донесе популарност во Светската здравствена организација.

Претходно тврдеше дека лично го известила својот шеф, првиот човек на најпрестижната биолабораторија на светот на своето истражување дека вирусот е плод на кинеските лаборатории. Според нејзините зборови, шефот ѝ советувал да молчи поради нејзина безбедности и затоа се одлучила да побегне во САД.

The post Кинеска докторка со нови шокантни докази: Короната е биолошко оружје создадено во воена лабораторија appeared first on Слободен печат.


Кинеска докторка со нови шокантни докази: Короната е биолошко оружје создадено во воена лабораторија was first posted on октомври 12, 2020 at 9:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....