06:04 - 21 декември, 2024

Ќе се прави разлика кој умрел од ковид-19, а кој со ковид-19

Министерството за здравство ќе ја ревидира својата методологија за евидентирање на процентот на смртност од ковид-19 во нашата земја и за тоа веќе е изготвен нов правилник, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Ние имавме пристап со кој правевме постмортем брисови со индикација, со цел да се заштитат семејствата на починатите. Точно е дека има основна причина за смрт и фактот дали пациентот е носител на вирусот или не. Поради тоа што има пациенти што ќе починат поради друга состојба, на пример, на Клиниката за гастроентерохепатологија поради крварење и тоа е основната причина за смртта. Но, во исто време истиот пациент е позитивен на ковид-19. Во нашата евиденција сега се евидентира како ковид, меѓутоа имавме состанок со директорот на Институтот за судска медицина за да ја ревидираме оваа методологија – рече министерот Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски, во интервју за „Слободен печат“ неодамна изјави дека починатите кои не се ковид-пациенти се водат како ковид, затоа што некој ги дијагностицирал, а во име на транспарентноста.

– На пример, во сообраќајна несреќа загинува некое лице, земен му е брис и тој испаднал позитивен. Ние го водиме дека починал од ковид-19. Значи, кауза мортис е едно, а кардијак арест е друго. Или, ако лицето починало од малигно заболување, но во периодот од месец или два поради намалениот имунокомпромитиран систем закачило и ковид-19, ние го водиме како починато од ковид. Дури и при случај на самоубиство, лицето се води дека починало од ковид, само затоа што при брисот се покажало дека било позитивно. Со целосна одговорност кажувам дека најмалку триесет се водат како починати од коронавирус, иако причината за нивната смрт е сосема друго заболување – рече доктор Караџовски во интервјуто за ,,Слободен печат“.

Според некои експерти, овој пристап е сосема погрешен.

– Може ли некој да го објасни ова? Што е целта? Во секој случај е погрешно, ненаучно и немедицински и неетички. Ако на ХИВ позитивен, инаку здрав, му падне бетонски ѕид од три тона на глава, дали ќе го водат како починат од сида – вели за „Слободен печат“ проф. д-р Никола Пановски.

Институтот за јавно здравје во својот последен приказ за состојбата во Македонија, од 9 јуни, кога имаше регистрирани 164 смртни случаи, информира дека најголем дел од починатите се на возраст од над 60 години, каде што е регистриран и највисок специфичен морталитет. На 9 јуни беа регистрирани 109 случаи на лица од машки пол и 55 на лица од женски пол што починале. Дури кај 77 отсто од починатите се регистрирани коморбидитети, односно придружни болести, какви што се кардиоваскуларна болест, дијабетес и белодробна болест.

Примариус доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје вели дека Светската здравствена организација има утврдено документ со кој им помага на земјите членки да се ориентираат и да знаат како да ги водат смртните случаи.

Според документот објавен на СЗО, а кој го следи нашата земја, дефиницијата за тоа што е смрт настаната поради ковид-19 гласи:

,,Како смрт поради ковид-19 се дефинира смрт што резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на ковид-19, освен ако не постои јасна поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со ковид-19. На пример, траума. Смрт што настапила поради ковид-19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример канцер, и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на ковид-19.“

The post Ќе се прави разлика кој умрел од ковид-19, а кој со ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Ќе се прави разлика кој умрел од ковид-19, а кој со ковид-19 was first posted on јуни 16, 2020 at 2:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....