2.8 C
Скопје
12:18 - 23 декември, 2024

Ќе продолжиме ли како ништо да не било?

Коронавирусот неочекувано се рашири во светот. На интернет постојано читаме за некоја катастрофа во различни делови на планетата, но малку кој можеше да очекува дека вирусот што се појави во Кина ќе стигне до секој ќош на Земјата.

Сепак, факт е дека тој дојде и кај нас и го смени животот на сите. Додека ја очекувавме пролетта за да пројдат студените денови и конечно да можеме да излеземе надвор, се случи обратното и сега сме затвореници во сопствените домови. Април е и месецот во кој се очекува врвот на вирусот во нашата држава, па така секојдневно бројот на заболени се зголемува.

Меѓутоа, достигнување на врвот значи постепено намалување на бројот на новозаболени, што значи и намалување на рестриктивните мерки. Но, што значи тоа за нас?

Сите чекаат да се намалат рестриктивните мерки и да се вратат на нормалниот живот, но дали некој навистина верува дека тоа ќе се случи преку ноќ? Дека министерот Филипче на една прес-конференција ќе рече толку е, нема забрани, вирусот пројде и сите после ќе излезат на улиците и ќе продолжат како никогаш ништо да не било?

Тешко дека тоа ќе биде така. Иако сите сакаме да се видиме со блиските и ни фалат пријателите и роднините, дали ќе се чувствувате безбедно во нивно присуство како претходно? Стравот што коронавирусот ни го вроди во социјалната поврзаност нема да исчезне толку лесно. Тоа значи дека ако не се чуствувате пријатно да седите во присуство на блиски луѓе, во однос на странците тоа чувство се зголемува двојно.

Коронавирусот може да се одрази врз здравјето, но карантинот може да се одрази уште пострашно врз психата. Врските помеѓу луѓето никогаш нема да бидат исти. Вакцината можеби ќе ја донесе таа сигурност, но факт е дека таа не се очекува барем уште пола година.

А што за тоа време? Како ќе издржи општеството кога не можете да се чуствувате безбедни со никого?

Економијата е другата страна од истата приказна. Многу луѓе останаа без работните места, додека тие се привремено затворени, а што ќе се случи со нив кога ќе добијат дозвола да отворат?

Кафаните, кафулињата, клубовите, теретани и други од нив се места кои зависат од блискоста на луѓето, кои работат подобро кога има повеќе присутни. Дали луѓето со истото задоволство ќе одат таму како порано?

Многу прашања остануваат неодговорени. Позитивната работа е што после дожд доаѓа сонце, а луѓето како и секоја криза ќе се обидат и оваа да ја пребродат најдобро што можат.

The post Ќе продолжиме ли како ништо да не било? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....