-3.2 C
Скопје
21:12 - 22 декември, 2024

Ќе има ли договор за брзи избори?

Додека власта се подготвува за избори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека се подготвени за компромис, но само доколку СДСМ понуди нови аргументи. И од двете партиите велат дека евентуално новата, трета по ред, лидерска средба е во рацете на шефот на државата Стево Пендаровски. Но затоа пак за уредбата за изборите имаа сосема спротивни ставови.

Според премиерот Оливер Спасовски датумот на изборите е во уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба.

-Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори во Македонија. Тоа е фактичката состојба. Жалам што сме единствена држава во светот без функционален парламент. Ако имавме функционален парламент тогаш изборите ќе можеа да се одложат, тогаш кога ќе се договореа политичките партии, политичките лидери. Јас очекувам дека во рамките на она што ни е законска можност ќе има дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден за одржување на изборите, сите заеднички, бидејќи тоа е добро за државата. Нема додворување спрема граѓаните поради политички поени бидејќи со тоа го ризикувате здравјето и живот на граѓаните. Мора да бидеме принципиелни а изборите да бидат во оној момент во кој имаме најмногу створени услови за да се одржат, вели Спасовски.

Од друга страна пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски различно ја чита владината уредба за престанокот на изборните дејства. Тој денеска изјави дека кога власта се повикува на неа, е лицемерна.

-Ако Владата е чесна во намерите и во ветувањата кои се дел од вториот и третиот сет на мерки, тогаш избори не можат да се случат 60 дена од престанокот на вонредната состојба, што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај најкасно до 30 јули избори не може да има. Втората варијанта е дека не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно за жал ги лажат граѓаните. Во неколку наврати кажавме дека сме тука подготвени за компромис. Нашите аргументи и позиции се јасни и доколку имаат други аргументи кои ние навистина би можеле да ги прифатиме подготвени сме за компромис. Со ултиматум не работиме или 21 јуни или нема избори без опозицијата, слободно нека им се со среќа, рече Мицкоски.

На новинарско прашање да биде попрецизен во одговорот за изборен датум Мицкоски со следниот одговор.

-Видете ние сега не сме на квиз. Ви го кажав своето мислење мислам дека бев прилично јасен и прецизен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Периодот на одржувањето на изборите и двете партии го врзуваат со пандемијата предизвикана од Ковид 19. Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче сметаа дека состојбата со Ковид 19 е под контрола и дека во понатамошниот период може да има намалување на бројката на заболени од корона вирус.

-Зошто сега сметаме дека ситуацијата е повеќе под контрола отколку во есен? Затоа што  се уште се присутни ефектите од оние рестрикции на движењето, на карантинот, не работат градинките, училиштата, а затворени се и границите. Сите овие три фактори наесен плус надополнети со вообичаениот сезонскиот грип може значително да ја комплицира ситуацијата. Такви се предвидувања не само на СЗО туку и на многу други земји кои ги подготвуваат здравствени системи исто како што и ние правиме со планирање на овие сериозни инвестиции за да дочекаат еден друг бран кој што може да биде и многу поголем. Токму затоа апсолутно стојам зад тоа дека доколку се почитуваат мерките било што за што тие мерки се препишани и препорачани од Комисијата за заразни болести можат безбедно да се одржат изборите. Што значи почитување на марките, граѓаните да се свесни дека мора да се придржуваат до нив, вели Филипче.

Од друга страна Мицкоски со сосема спротивен став за здравствената ситуација и одржувањето на изборите во близок период. Додека според опозицискиот лидер, Коронавирусот е главната пречка за брзи избори, неговата партија ВМРО-ДПМНЕ води кампања „Летувајте во Македонија“.

Носителите на избирачките листи ги промовираат градовите и селата каде би можеле македонските граѓани наместо надвор да летуваат дома.

The post Ќе има ли договор за брзи избори? appeared first on Слободен печат.


Ќе има ли договор за брзи избори? was first posted on мај 22, 2020 at 5:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....