Започна акцијата за садење 450 дрвца во општина Карпош по повод 44 години од формирањето на општината. Комуналните служби почнаа да засадуваат 300 ореви во дворовите на училиштата и градинките во општината.
Садниците се донација од Факултетот за земјоделство и храна.
-Акцијата за садењето на 150 дрвја ја започнавме од Карпош 4, од делот кај трговскиот „Антико“, а продолжуваме и на ул. „Васил Чакаларов“, кај Порта Козле. Заштитата на животната средина е приоритет број 1. Сведоци сме на сериозно аерозагадување, но, како локална самоуправа преземаме повеќе мерки за негово намалување, рече градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
The post Карпош раззеленува со 450 нови садници appeared first on Слободен печат.
Карпош раззеленува со 450 нови садници was first posted on октомври 31, 2020 at 1:43 pm.