2.8 C
Скопје
14:56 - 23 декември, 2024

Италија затвора повторно цели сектори поради епидеммијата

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов пакет рестриктивни мерки во борбата против новиот коронавирус, вклучително и задолжително затворање на барови и ресторани по 18.00 часот, јави ДПА.

Уредбата на Конте предвидува и затворање на киносали, театри, спортски сали, базени, скијачки центри, сали за концерти, трговски саеми и конференции, според копијата на документот во која имаа увид од германската новинска агенција.

Со неа се обврзува најмалку 75 отсто од учениците да се префрлат на учење на далечина, а исто така „силно им препорачува на граѓаните” да не примаат гости во своите домови и да откажуваат помали патувања.

Новите ограничувања стапуваат на сила од понеделник до 24 ноември.

Баровите и рестораните ќе испорачуваат нарачки во домови само по 18.00 часот. Музеите ќе останат отворени, но со ограничен број посетители. Владата се обидува да запре втор бран на инфекција со коронавирусот. Вчера беа пријавени се 19.644 случаи, а 151 починале – најмногу во изминатите пет месеци.

Извор: МИА

The post Италија затвора повторно цели сектори поради епидеммијата appeared first on Слободен печат.


Италија затвора повторно цели сектори поради епидеммијата was first posted on октомври 25, 2020 at 2:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....