Иако пикот на епидемијата од коронавирус помина во поголе дел од Европа, а болнциите повеќе не се преполни, илјадници се опоравија од ковид-19 но и натаму страдаат од долготрајни симптоми како што се поматена свест, замор и губењето здив.
Еден од таквите примери е случајот на Емилијано Пескарола, 42-годишен професионален нуркач од Италија, кој во болницата во Џенова е лекуван во текот на март и април, а три месеци после одењето дома и натаму има проблеми со дишењето.
Пескароло истакнува дека по излегувањето од болница, со недели не забележувал никаков напредок во натамошното опоравување и дури и кратка прошетка му се чинела како качување на Монт Еверест.
Како што вели, губел здив, поради што бил многу загрижен, а дури кога, заедно со десетина други реконвалесценти, тргнал на рехабилитација во една клиника во овој град, напредокот станал видлив.
Неодамнешните истражувањеа покажаа дека ковид-19 не ги оштетуваат само белите дробови туку и бубрезите, црниот дроб, срцето, нервниот систем, кожата и органите за варење.
Поради тоа услуги за рехабилитација за реконвалесцентите почнаа да нудат и здравствените власти во Велика Британија, каде оние кои страдаат од долготрајни симптоми се организираат и во интернет заедници, обидувајќи се да си го олеснат патот до опоравувањето.
The post Искусен нуркач со тешкотии при дишењето 3 месеци откако го победи коронавирусот: Кратка прошетка како искачување на Монт Еверест appeared first on Слободен печат.
Искусен нуркач со тешкотии при дишењето 3 месеци откако го победи коронавирусот: Кратка прошетка како искачување на Монт Еверест was first posted on јули 19, 2020 at 11:00 pm.