3.8 C
Скопје
21:13 - 20 декември, 2024

Имам два збора за оние што ме убедуваат дека веќе нема вистински новинари: Јелена Зориќ

Колку прекрасно започна оваа недела. Првиот ден, и веќе две одлични вести.

Прво Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС), кое толку ретко знае да ме израдува, ѝ додели награда на Јелена Зориќ, новинарката од Н1 (N1), која во јули во живо известуваше од пред Собранието на Србија толку инстинктивно професионално, а истовремено така беспрекорно, етички и храбро, што се надевам дека сведоштвото што го остави веќе е влезено во градивото на студиите по журнализам во Белград. Чесно е наградата со неа да ја сподели снимателот Александар Цвркотиќ, чие име, во спротивно, можеби не би го ни запамтиле. Им честитам на обајцата, како и на колегите од НУНС за одлуката.

Тоа е тоа. Она, кога ќе те забележат штом те видат, што би рекле клинците. Она, кога ќе ја соединиш професијата, сите оние скептични и во медиумски ровови разделени луѓе, кои обично само се меркаат од пристојна политичка оддалеченост. Па едни на другите со денови по протестите си телефонираат и се натпреваруваат кој повеќе ќе ја пофали Јелена Зориќ.

Значи, не е невозможно. Не е лесно, но не е невозможно, од местото на настанот да се известува брзо, точно и без предубедувања. И без презир, злоба и навивање, без политички калкулации. Имам два збора за оние што ме убедуваат дека веќе нема вистински новинари: Јелена Зориќ.

Втората одлична вест, што само на прв поглед нема врска со оваа првата, дојде од далечната Боливија. Тоа е земја во која минатиот ноември се изведе еден вид удар што доби поддршка од севкупниот западен „медиско-воен“ комплекс. Бидејќи Ево Моралес лани лесно го порази десничарскиот противкандидат, освојувајќи 12 отсто повеќе гласови (десет проценти беа доволни да го избегне вториот круг на гласање), интервенираше Организацијата на американските држави и, наводно како чесен меѓународен посредник, се посомнева во изборните резултати, храбрејќи ја опозицијата да излезе на улични протести. Почна улично насилство во режија на полицијата и војската и Моралес повеќе сакаше да поднесе оставка, отколку да поведе граѓанска војна – се реши за политички азил во Мексико.

Една од првите работи што ги направи пучистичката власт беше да ги изгони кубанските лекари, кои во Боливија, за време на мандатот на Моралес, изградија здравствен систем достапен за сиромашните. Кубанците заминаа, но затоа дојде короната, од која Боливијците веќе немаше кој да ги одбрани, па стапката на смртност од ковид-19 во оваа земја е една од највисоките во светот. Пучистите, на крајот, сепак мораа да излезат на избори на кои се поразени до нозе: кандидатот на социјалистите на Моралес на изборите за претседател на Боливија доби не 12, туку 20 отсто повеќе гласови од десничарскиот кандидат.

Се надевам дека читателот не мисли дека Боливија нема никаква врска со нас. Има, и уште како, врска. Калапот секогаш е ист или сличен. Од водечките светски медиуми ќе дознаете дека некаде секогаш е неопходно да се спасува демократијата од мнозинството, кое, за жал, погрешно гласа за „популистите“ или „авторитарните“ владетели. Таквите лидери, кои не се по волја на западниот „либерален консензус“, ќе ги препознаете по тоа што водечките медиуми ќе ги обвинуваат дека ја „поларизираат“ нацијата, дека го делат народот. За вистинско чудо, политичката групација, која има западна поддршка, никогаш не го дели народот, не внесува раскол, туку напротив, ветува дека ќе ја обедини нацијата кога ќе се врати на власт. И Америка од неодамна е „поларизирана“ на сличен начин и, еве, Џозеф Бајден ветува дека повторно ќе ја обедини, ако победи.

Така и Ево Моралес, како и венецуелскиот Чавез пред него, го „делеше народот“. Но  макар и со една година задоцнување, сега сепак се гледа дека Моралес не бил крадач на гласови, туку тоа биле оние кои имаа поддршка од речиси целиот западен печат. И кој тогаш, на Боливија лани ѝ ја украде демократијата? Не се викаше Моралес, а имаше бројни помагачи во новинарската професија – репортери, уредници, редактори, медиумски газди.

Спасувањето на демократијата од волјата на мнозинството и кај нас на многумина им е близок поим и прифатлив концепт. Но токму затоа боливискиот пример е поучен. Не сакам да го именувам „политичарот“ во Белград, кој пред една година јавно се радуваше што десничарската толпа „дивее по улиците“ против социјалистите на Моралес. Нему и на неговите бројни твитер-следбеници им пружи особена веселба ужасната глетка на боливиската социјалистичка градоначалничка, која десничарите ја претепаа, ѝ го бојосаа телото со црвена боја, ја истрижаа до темето и на сила ја влечкаа по улиците на нејзиниот град.

Се надевам дека им преседна таа веселба, како што се надевам дека поради вестите од Боливија барем малку се растревожија и силните западни новинари, кои со своето пристрасно известување, сосема спротивно на она коешто во Белград овој јули го демонстрираше Јелена Зориќ, всушност му аплаудираа на сосема слабо прикриениот државен удар во Боливија.

А што се однесува до Патрисија Арса, онаа што ја влечкаа по улиците, таа е, благодарам на прашањето, добро. Минатата недела на изборите во Боливија беше избрана за сенаторка.

Преземено од: „Недељник“ од Белград

The post Имам два збора за оние што ме убедуваат дека веќе нема вистински новинари: Јелена Зориќ appeared first on Слободен печат.


Имам два збора за оние што ме убедуваат дека веќе нема вистински новинари: Јелена Зориќ was first posted on октомври 31, 2020 at 10:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....