-0.2 C
Скопје
21:49 - 25 ноември, 2024

И пратениците може да работат од дома, препорачува Филипче

Двајца пратеници од Собранието на Република Северна Македонија во изминатите два дена се изјаснија дека се позитивни на Ковид-19, а се уште нема информација колкумина нивни колеги и вработени во службите поради контакт со нив ќе мора да одат во самоизолација или да направат тестови доколку имаат симптоми на болеста.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

-Денеска ќе знаеме затоа што треба да завршат епидемиолошките анкети, рече Филипче.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранаието. Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и препорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.

– Тоа е наша препорака од почетокот на кризата. Секој што може онлајн да работи од дома тоа да го направи. Впрочем, и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање таков ризик. И сега поразговарав со дел од пратениците кои беа тука присутни и го препорачав истото, рече Филипче, по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот кај зградата на Владата, по повод 11 Октомври.

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби изјави дека Собранието мора да започне да работи онлајн, посочувајќи дека веќе задутре Владата ќе се одржи седница преку зум-апликацијата.

-Сметам дека други институции исто така треба да имаат алтернативни начини на продолжување со својата работа, рече Груби.

The post И пратениците може да работат од дома, препорачува Филипче appeared first on Слободен печат.


И пратениците може да работат од дома, препорачува Филипче was first posted on октомври 11, 2020 at 4:31 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....