Националниот музеј за историја на американските Евреи во Филаделфија ќе им оддаде почит на две лица кои го забавуваа светот со својата магија – Хари Худини и Дејвид Коперфилд, пренесува АП.
Музејот во четвртокот објави дека ќе ги вклучи илузионистите Худини и Коперфилд во Домот на славните на 12 декември како признание за достигнувањата и придонесите на американските Евреи, кои „ги споделуваат и изразуваат идеалите на приказните со кои се занимава музејот“.
Худини е роден како Ерик Вајс во Унгарија во 1874 година, а во Америка дошол на четиригодишна возраст. Син на еврејски рабин, тој патувал низ Соединетите држави и светот, вежбајќи ги своите магични вештини се до неговата смрт во 1926 година на 53-годишна возраст.
Коперфилд (64) е роден како Дејвид Коткин во Њу Џерси. Добитник е на 21 награда „Еми“, а честа ќе ја добие од неговиот Меѓународен музеј и библиотека за магични вештини во Лас Вегас.
Претходните добитници на награди се неодамна починататавсудијка на Врховниот суд Рут Бадер Гинцберг и филмскиот режисер Стивен Спилберг.
The post Худини и Коперфилд во Куќата на славните: Тие го забавуваа светот со својата магија! (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Худини и Коперфилд во Куќата на славните: Тие го забавуваа светот со својата магија! (ВИДЕО) was first posted on октомври 23, 2020 at 11:51 am.