3.8 C
Скопје
21:39 - 27 декември, 2024

Христоски за МИА: Чествувањето за Илинден достоинствено во новото секојдневие

– Годинава, сѐ е поинаку. Животот, секојдневието, па и прославите и чествувањата. Корона вирусот ги промени состојбите. Тоа го чувствуваат и жителите на највисокиот град на Балканот, историско и туристичко Крушево. Сепак, недвосмислено, градот е подготвен за прославата и чествувањето на големиот Илинден и 117-годишнината на Илинденското востание.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски категорично вели: Крушево и сите кои ќе присутвуваат, достоинствено ќе го одбележат големиот Илинден. Разговараме со Христоски во пресрет на почетокот на чествувањата.

Како е подготвено Крушево за чествувањата. Ги добивте протоколите како ќе се одвиваат одбележувањата?

– Подготвени сме достоинствено и, би рекле, во изменетото секојдевие, со нови правила, да чествуваме. Илинден е столбот на нашите историја, достоинство, пример за истрајност. Особено за Крушево. И по 117 години, историјата е длабоко вкоренета, а наше е да ги почитуваме придобивките на Илинденците, нивните заложби и потребата да чествуваме за да не се заборави. Би рекле, сѐ уште од заложбите на Крушевскиот манифест ја добиваме силата за истрајност, а тие пренесуваат порака за заедништво сплотеност и мудрост во овие современи времиња на предизвици. Подготвени сме за одбележување. Во сосема поинакви услови, а главното е достоинственоста. Имаме протоколи, кои се задолжителни за безбедноста на сите, главно, на граѓаните. Ќе имаме поинакво одбележување, ама суштината останува.

Нема да го има официјалниот пречек на коњаниците?

– Така е. Традицијата останува, но официјални приеми годинава нема. Коњаниците од  Маврово, од Бигорскиот Манастир, од Охрид и Лисиче ќе стигнат, ама собирања нема да има. Тие, мора да се рече, се ризична група која поминуваше во многу места со можни контакти. При полагањето свежи цвеќиња, ќе има само по тројца претставници. Мора така да биде поради заштитата на здравјето на сите.

Ќе се отворат Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република”, ама без настани наредните денови?

– На 1 август вечерта е означување на почетокот на манифестацијата: со подигнувањето на бајракот на Крушевската Република на  платото на Гумење, со обраќање пред Македониумот, импровизиран напад на градот со испукување на крушевското топче. Делегации со полаѓање свежи цвеќиња ќе им оддадат почит на Питу Гули, на неговото вечно почивалиште на Гумење, на гробот на Тоше Проески,, на Партизанските гробишта кои се на Гумење, во Криптата од комплексот „Илинден”  на спомен обележјето на Веле Марков. Сето е за да ги запазиме културните и историските традиции и вредности.

На Илинден, на 2 август главното чествување останува на Мечкин камен. Како е годинава?

-Чествувањата почнуваат од 10. 30 часот со почитта и посети на делегациите во Македониумот каде е гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на месноста Слива, една од големите, крвави битки за одбрана на населението во Крушево, а потоа главното чествување е на Мечкин камен. Годинава, со градот Крушево, домаќин е Собранието на Република Северна Македонија. Еве, со оглед на ситуацијата, известен сум дека на Илинден на Мечкин камен нема да има обраќање претседателот на Собранието Талат Џафери. Но, дополнително официјално ќе бидеме известени.

Како ќе бидат заштитени и гостите и посетителите. Протоколот ги опфаќа сите аспекти на чествувањата?

-Ние како организатори во целост ги спроведуваме протоколот и мерките за заштита. И при полагањето венци и свежи цвеќиња на делегациите ќе мора да се одржува растојание, временски тајминг помеѓу една и друга делегација. Гостите од државните институции, од политичките партии, од дипломатскиот кор со заштитни маски и на растојание ќе бидат на централното чествување на Мечкин камен. Така ќе биде и за посетителите, граѓаните кои сакаат да дојдат за празникот. Наша должност е да има редарска служба, да се одржува дистанцата и задолжителното носење заштитни маски. Еве, користам прилика да апелирам на достоинственото чествување.

Како е во Крушево. Се очекуваат ли гости и туристи за празникот, истовремено со празнувањата наместо програма за „10 дена Крушевска република” е летниот фестивал „Кога си во Крушево”?

-Корона кризата го зеде данокот. Годинашнава туристичка сезона е најтешката. Нашата надеж е во домашните туристи, користењето на ваучерите од проектот „Дома си е дома”. Во хотелите веќе има гости од повеќе градови кои ги користат овие ваучери. Капацитетите се 30 до 40 насто исполнети. Ги привлекува природата, планинарењето, би рекле, осамувањето и релаксацијата. Нема културни настани во рамките на манифестацијата „10 дена Крушевска Република” за да се избегнат групирањата, но од 1 до 10 ќе се одржува четвртиот по ред летен фестивал „Кога си во Kрушево” (When in Krushevo). Со сите мерки за заштита организаторите планираат планински тури на велосипедизам, виртуелно пешачење, параглајдерство и многу активности на отворено. ќе имаме и маратон на крушевското езеро. Во текот на август се надеваме на повеќе домашни посетители. Инаку, пораки пандемијата, откажани се сите 7 меѓународни натпреварувања во параглајдерство, змејарство. Ќе се обидеме на друг начин да ги анимираме гостите. Тука се музеите, а може и да најавам дека за околу еден месец треба да биде готово спомен-обележјето на Гумење за Тоше Проески.

The post Христоски за МИА: Чествувањето за Илинден достоинствено во новото секојдневие appeared first on Слободен печат.


Христоски за МИА: Чествувањето за Илинден достоинствено во новото секојдневие was first posted on август 1, 2020 at 11:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....