3.8 C
Скопје
22:44 - 22 ноември, 2024

Хотелите се отвораат на 22 јуни: Без маска само на јадење

Дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот и испечатен текст за препораките што треба да се почитуваат за време на престојот во објектот ќе ги пречекаат гостите во хотелите, за кои Владата даде зелено светло да се отворат на 22 јуни.

Површен поглед врз усвоените протоколи и процедури што ќе овозможат конечно отворање на хотелите и сместувачките капацитети, покажува дека пандемијата ќе го усложни работењето во туризмот, а нема да им биде лесно ниту на гостите.

И гостите и вработените треба задолжително да носат маски. Рецепцискиот пулт мора да има растојание од 1,5 до 2 метри, монтажна преграда од проѕирна пластика или стакло за рецепционерите. Пластичната преграда може да биде заменета со визир. Што се однесува до гостите, најважно е да нема мешање и групирање со задолжително меѓусебно растојание, не само кај рецепцијата, туку и во другите хотелски простории.

Хотелиери: Само да работиме!

Протоколот дава строги насоки за прием и сместување на гостите, за ресторанските процедури, за употребата на тоалетите, како и препораки за постапување при појава на случај со симптоми на ковид-19.

– Протоколот е во ред. Ние едвај чекавме да почнеме со работа, а во услови на пандемијава, препораките се во насока да се избегне ширење на вирусот во хотелските капацитети и да се гарантира безбедноста на гостите. Реално и досега имаше строги здравствено-санитарни услови во работењето на хотелите и служењето на храната. Но, секако дека пропишаните мерки ќе значат дополнително ангажирање финансиски средства. Сепак, за нас е најважно да почнеме со работа, оти оваа туристичка година почна лошо – вели за „Слободен печат“ Крсто Блажевски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.

Протоколот е строг и во однос на сместувањето. Ќе се нудат еднокреветни или двокреветни соби, а во сместувачките капацитети со повеќе кревети ќе може да се сместат само гости од едно домаќинство, кои ќе се легитимираат на рецепцијата. Треба да се отстранат сите текстилни предмети, играчки, списанија, работи што може да бидат допрени од повеќе лица. Се подразбираат средствата за дезинфекција на рацете. Хигиената треба да биде на највисоко ниво, што подразбира почести проветрувања на собите, па дури и дневно чистење по изречна желба на гостите што имаат повеќедневно сместување.

Нема да има шведски маси и автомати за пијалаци

Она што е особено значајно за служењето на храната е своевидната модификација на „шведската маса“. Тоа значи дека храната веќе нема да се изложува сервирана на долги маси и гостите нема да може сами да се послужат. Ќе се подготви мени од три јадења, гостинот ќе си избере, а храната ќе му биде послужена од вработените во угостителскиот објект. Не е дозволено послужување гости на стоење на шанк и на стоечки маси.

Сите апарати за точење пијалак ќе треба да се отстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата. Се забранува користењето заеднички отворени садови, кои се споделуваат на повеќе од една маса. Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5-2м. На една маса со четири стола може да седат и да се послужуваат најмногу две лица.

The post Хотелите се отвораат на 22 јуни: Без маска само на јадење appeared first on Слободен печат.


Хотелите се отвораат на 22 јуни: Без маска само на јадење was first posted on јуни 17, 2020 at 12:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....