-0.2 C
Скопје
08:52 - 20 декември, 2024

Гутереш: Пандемијата разоткрива заблуди и невистини насекаде, а 100 милиони луѓе тонат во екстремна сиромаштија

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот се наоѓа на „пресвртница“ и повика на нов модел на глобално управување во борбата со нееднаквостите кои се продлабочија со пандемијата од коронавирусот.

Во своето годишно онлајн предавање во чест на Нелсон Мендела, Гутереш рече дека пандемијата е „како рентген и открива пукнатини во кревкиот скелет на општеството кое сме го изградиле“.

„Разоткрива заблуди и невистини насекаде: лага дека слободниот пазар може да овозможи здравствена заштита за сите, невистина дека неплатената работа не е работа, илузијата дека живееме во пострасистички свет, мит дека сите се наоѓаме на ист брод“, рече шефот на ОН.

Издвои и кои се тоа главни двигатели на нееднаквоста, вклучувајќи го системскиот расизам, колонијалното наследство, патријархатот, пукнатими во пристапот до технологија и нееднаквост во глобалното управување.

„Нациите кои испливаа на врвот пред 70 години одбија да размислуваат за реформи кои се потребни за да се променат односите на моќ во меѓународните институции“ изјави Гутереш во својот многу директен говор, укажувајќи на системот на гласање во Советот за безбедност на ОН, во кој Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД имаат право на вето.

Гутереш рече дека одговорот на пандемијата „мора да биде базиран на новиот општествен договор и на глобален договор кој создава еднакви можности за сите и ги уважува правата и слободите на сите“.

Новиот модел би осигурал исклучиво и рамноправно учество во глобалните институции, праведна глобализација, силен глас на земјите во развој во донесувањето одлуки на глобален план, вклучително и избалансиран мултилатерален трговски систем.

– Бевме поставени на колена од микроскопски вирус. Пандемијата ја демонстрира кревкоста на нашиот свет, рече Гутереш за време на виртуелното спомен одбележување организирано од Фондацијата „Нелсон Мандела”, со седиште во Јоханесбург.

Тој посочи дека економската криза поради пандемијата на вирусот Ковид-19, од кој се заразени повеќе од 14 милиони луѓе, а починати се речиси 600.000 луѓе ширум светот, се чувствува непропорционално.

– Ние сме исправени пред најдлабоката глобална рецесија по Втората светска војна. Нови сто милиони луѓе можат да бидат туркани во екстремна сиромаштија. Можеме да видиме глад од историски размери, рече Гутереш.

Тој истакна дека 26-те најбогати луѓе во светот имаат исто толку богатство колку половина од светската популација.

– Но, приходот, платата и богатството не се единствените мерки за нееднаквост, додаде тој.

Според него, луѓето веќе го изгубиле трпението поради очигледни разлики и дискриминација во општествата.

– Коронавирусот исто така создаде можност светските лидери да изградат порамноправен и одржлив свет. Ние сме на пресвртница. Но, знаеме на која страна од историјата се наоѓаме, истакна Гутереш.

The post Гутереш: Пандемијата разоткрива заблуди и невистини насекаде, а 100 милиони луѓе тонат во екстремна сиромаштија appeared first on Слободен печат.


Гутереш: Пандемијата разоткрива заблуди и невистини насекаде, а 100 милиони луѓе тонат во екстремна сиромаштија was first posted on јули 18, 2020 at 6:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....