-2.2 C
Скопје
02:56 - 26 ноември, 2024

Грција го отповика амбасадорот во Азербејџан: Нѐ обвинуваат дека толерираме подготовка на терористички напади

Министерството за надворешни работи на Грција денеска објави денеска дека го отповикува својот амбасадор од Азербејџан поради „целосно невтемелени и навредливи наводи“ на азербајџанската влада дека Атина толерира подготовка на терористички напади, објави Бета.

Министерството рече дека грчкиот амбасадор е „повикан во Атина на консултации“.

Во соопштението се наведува дека азербејџанската влада тврди дека „Грција толерира подготовка на терористички акти, обиди за регрутирање на терористички борци и кибер напади врз Азербејџан“ поради неговиот судир со Ерменија околу сепаратистичкиот регион Нагорно Карабах.

Министерството соопшти во вторникот дека поради тоа испратило протест до амбасадорот на Азербејџан во Грција.
Азербејџанското министерство за надворешни работи на почетокот на октормври пренесе извештаи од медиумите и други информации за кои рече дека укажуваат на тоа дека „илјадници етнички Ерменци“ од неколку земји, вклучувајќи ја и Грција одат кон Нагорно Карабах.
(Бета)

 

The post Грција го отповика амбасадорот во Азербејџан: Нѐ обвинуваат дека толерираме подготовка на терористички напади appeared first on Слободен печат.


Грција го отповика амбасадорот во Азербејџан: Нѐ обвинуваат дека толерираме подготовка на терористички напади was first posted on октомври 7, 2020 at 8:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....