5.8 C
Скопје
19:29 - 16 ноември, 2024

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

Со 187 гласа „за”, од Нова демократија и Движење на промена и Грчко решение и 101 глас „против”, грчкиот Парламент доцна вечерва го изгласа новиот закон за собири, штрајкови и демонстрации.

На гласањето му претходеше жестока дебата во Парламентот меѓу Владата и опозициската СИРИЗА, но и инциденти со молотови коктели и солзавец пред законодавниот дом, јави дописничката на МИА од Атина.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон полицијата која го обезбедуваше парламентот /09 јули 2020. /Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека новиот закон ја гарантира и заштитува слободата на јавно изразување, а лидерот на СИРИЗА истакна дека Владата се плаши од општествените реакции и се обидува да врати декрети од 1971 година, односно од периодот на Хунтата во Грција.

Додека пратениците расправаа за законот, дел од демонстрантите на протестите организирани токму против овој акт, се судрија со полицијата.

Демонстраните протестираа пред грчкиот парламент додека се гласаше за новиот закон за јавни собири/ 09 јуло 2020/ Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Група маскирани млади лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни тврди предмети. Полицијата одговори со шок бомби и солзавец.

Предизвикана е материјална штета на дел од влезовите на хотели во близина на Парламентот, а испишани се и слогани на ѕидовита од хотелите.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата имаше и на протестите во Солун/ 09 јули 2020/ Фото: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.

Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници.

Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.

The post Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО) was first posted on јули 9, 2020 at 11:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....