Од вчера полицискиот час во Македонија и официјално престана да важи па граѓаните можеа слободно да излезат од дома и по 19 часот, почитувајќи ги основните мерки за заштита од коронавирусот.
„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните дали се задоволни од укинувањето на полицискиот час и дали според нив е вистинското време зa олабавување на мерките.
Поголемиот дел од испитаниците сметаат дека укинувањето на полицискиот час е правилен потег, а дел од нив веруваат дека тоа требало да се случи и порано.
По укинувањето на полицискиот час од денеска и угостителските објекти почнаа со работа, а голем број граѓани го испија првото кафе во кафулињата и рестораните по повеќе од двомесечна пауза со работа.
Забележавме дека сите вработени во угостителските објекти носеа заштитна опрема, масите беа распоредени според определените мерки за социјална дистанца, а повеќето од посетителите беа седнати по двајца на маса, со тоа што на секоја од нив имаше посебно средство за дезинфекција.
Во продолжение погледнете го видеото:
The post Граѓаните задоволни од укинувањето на полицискиот час, угостителските објекти почнаа со работа (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Граѓаните задоволни од укинувањето на полицискиот час, угостителските објекти почнаа со работа (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 28, 2020 at 4:59 pm.