Кога во април ширум САД демонстранти, во некои случаи и силно вооружени, демонстрираа против карантинот, тоа и не беше посебно изненадување. Слободното носење на долги цевки, изразена недоврба скон централните држани органи, инстинктивно противење на забраните и прописите во име на јавното здравје и јавното добро и разни луди теории на завери не се некоја новост во Америка, анализира Индекс.хр.
Со избивањето на пандемијата од коронавирус тие феномени само ескалираа, поттикнати од параночните дезиноформации за наводната безопасност од ковид-19, „изрежираната“ пандемија, плановите за масовно „чипирање“ преку вакцинирањето и штетноста од маските.
20 илјади или милион демонстранти?
Но прилично е изненадувачки тоа што Германија стана ново жариште на протести против мерките за заштита од коронавирус и тоа помасовни отколку во САД. Според проценката на полицијата (која обично често е конзервативна) околу 20.000 луѓе излегоа во неделата пред Бранденбуршката порта во Берлин и маршираше низ центарот на градот.
Меѓутоа, организаторите тврдат дека излегле многу повече – од 500 илјади до дури 1,3 милиони. Оваа диспропорција демонстрантите и нивните приврзаници ја искористија како наводна потврда за медиумската цензура и намерно намалување на размерите на незадоволство.
Како и да е, во судирите на агресивните демонстранти и полицијата, до кои дојде кога полицијата го прекина протестот, повредени се дури 45 полицајци, а приведени 133 лица.
Протестот е одржан под мотото „Крај на пандемијата: Ден на слободата“, а го организираше иницијативата „Мислење против струјата 711“. Секако, демонстрантите главно не се дистанцираа меѓу себе, ниту носеа маски, што покрај редовното миење раце се смета за најефикасна метода за сузбивање на епидемијата на ковид-19.
Мотото на протестот „Ден на слободата“ е наслов на нацистички пропаганден филм
А нивните слогани на транспарентите како што се „Присилени сме да носиме маска“, „Мислете, не носете маска“, „Короната, лажен аларм“, „Природен имунитет наместо вакцина“ и “Ние сме втор бран“ веќе говорат доволно за целите на протестот и идеите кои стојат зад него.
„Ние сме овде и гласни сем, затоа што ни се одзема нашата слобода!“ е уште една од паролите кои ги скандираа насобраните на овој протест против сите заштитни епидемиолошки мерки. Би било неточно да ги наречеме демонстранти против карантинот, зошто она што колоквијално се нарекува карантин, а на англиски јазик е lockdown – значи, затворање на делот на деловни и јавни објекти, забрана за излегување во земјата и препорака или задолжителен пропис за избегнвуање на излегување од дома ако тоа не е нужно – одамна е укинато и во Германија и во поголем дел од Европа.
Како што пишува Асошиејтед Прес, протестот привлече и десничарски популисти, па и екстремисти, либертаријанци и теоретичари на заговори. Прично е симболично што „Денот на слободата“ е име на филмот на Лени Рифенштал, омилената режисерка на Адолф Хитлер и пропагандистка на неговиот нацистички режим. Ден на слободата е орвеловски наслов на документарниот филм за конференцијата на Националсоцијалистичката партија на Германија во 1935 година.
This was the scene in Berlin, where an estimated 17,000 people defied social-distancing and mask requirements to join a protest supported by neo-Nazi groups, conspiracy theorists and others who said they were fed up with the restrictions.
Read the latest. https://t.co/QFWyHTTMb0 pic.twitter.com/h9CuxYCERg
— The New York Times (@nytimes) August 1, 2020
Германија е пример за успешната борба против епидемијата од коронавирус
Посебно е иронично што Германија, за разлика од САД, Бразил, Велика Британија или Италија, на широко е фалена како пример за ефикасна борба против пандемијата. Во земја во која има над 80 милиони жители, до денес починаа околу 9.200 луѓе, со 211 илјади потврдени случаи Кривата на нови дневни случаи драматично опадна уште кон крајот на април, а покрај неодамнешниот раст, бројот на случаи не е ни близу до пикот од крајот на март и почетокот на април.
Само за споредба, Велика Британија, која има помалку од 67 милиони жители, досега имаше над 46.000 смртни случаи. Италија, земја со 60 милиони жители, имаше повеќе од 35 илјади потврдни смртни случаи од коронавирусот.
Во склад со таквата поволна епидемиолошка ситуација, Германија ги ублажува заштитните мерки уште од април. Сепак, една од мерките која во меѓувреме е воведена и која и натаму е на сила е задожително носење маски во јавниот превоз и во дуќаните, што очигледно им пречи на „корона-скептиците“.
#BREAKING: Huge protest now in #Berlin, #Germany. They demonstrante against #Corona and against the government and they refuse to wear masks. Also no distance rules!#protests2020 #COVID #Covid_19 #COVIDIOTS #COVIDIOT #CoronaVirusDE #lockdown #ZweiteWelle #1agosto #1agustos pic.twitter.com/xbL1DaEYhn
— Faruk Firat (@FarukFirat1987) August 1, 2020
Скептици или ковидиоти?
А за овие скептици, чии гласни претставници има и во Хрватска, меѓу другите се и, поранешниот пратеник Ива Пернар и пејачот Тони Цетински, критичарите се повеќе го користат и помалку политички коректниот термин: ковидиоти, пишува Индекс.
„Илјадници ковидиоти слават во Берлин како втор бран: без маски, без дистанца. Тие не само што со тоа го загрозуваат нашето здравје, туку и нашите успеси во борбата притив пандемијата, а со тоа и борбата за повторно заживување на економијата, образованието и општеството воопшто. Потполно неодговорно“; порача преку Твитер Саскиа Ескен, претседателска на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).
„Ова се чисти тактики на заплашување. Не гледам никаква опасност со вирусот. Не познавам некој кој е болен. Знаев за многу од нив во март – скијачи, луѓе кои одела на празници. Нешто навистина се случи во девруари, но сега повеќе нема болни“, го објасни својот став за пандемијата демонстрантката Ирис Битцмаер за Агенцијата Франс Прес.
Всушност, ова не е првпат Германците да протестираат против епидемиолошките мерки. Илјаднции излегоа на протести во повеќе градови во Германија и во мај.
Како што пишува Дојче Велe, и тогаш барањата беа слични: „За нашите основни права, против обврската за носење маски и вакцинирањето, против корона – инценирањето и Фондацијата на Бил Гејтс“.
Се поголемиот број собири во германските градови – делумно под името „Отпор 2020“ – привлекува хетерогоена публика: припадници на движењето Рајхсбургер (Граѓани на Рајхот), кои ја негираат Сојузна Републиак Германија како легитимна и суверена држава, потоа теоретичарите на завери, противниците на вакцинирање, езотеричари и екстремни десничари.
Според резултатите од онлајн истражување на француските научници во кое се анктерирани родители во пет европски земји, Германија има релативно висок удел во оние кои одбиваат вакцинирање и кои сакаат целосно да го одбијат вакцинирањето на своите деца – речиси 3 отсто. Според наводите на Сојузниот центар за здравствена заштита (БЗгА), скептици има многу повеќе – околу 20 проценти. Истражувањето кое тие го спроведуваат на секои две години покажува дека гледиштето кон невакцинирањето генерално станува се попозитивно.
Неонацисти и Канонци меѓу корона – „скептиците”
Всушност, како што пишува Си Ен Ен, налудничавата теорија на завери наречена Канон, според која Хилари и Бил Клинтон и други истакнати американски политичари и холивудски актери учестуваат во меѓународен педофилско – сатанистички ланец против кој се бори претседателот Доналд Трамп, се проширила од Америка во Европа, вклучувајќи ја и Германија. Во Германија теоретичарите на завери ја поврзаа со омразата кон канцеларката Ангела Меркел, која ја опишуваат како „марионета на длабоката држава“.
Очекувано, новата теорија на завери ја инкорпорираше и онаа најстарата – антисемитизам. Еврејската заедница во Берлин изрази во неделата згрозеност кон отворените антисемитичски пораки и нацистички симболи на саботниот протест.
„Оваа демонстрација потврди многу наши стравови. Холокаустот повторно се релативизира, а антисемитистичките митови за завери ( Евреите против другите народи) беа дел од стандардниот репертоар“, предупреди Зигмунт Конингсберг, повереник за антисемитизам на Еврејската заедница во Берлин.
Особено е значајно што протестантската поворка требаше да помине покрај главната синагога во Берлин, и тоа за за време на богослужбата за сабат, но полицијата трасата ја промени во последен момент, на барање на еврејската заедница.
Различни германски неонацистички групи беа меѓу оние кои ги повикуваа Германците да протестираат, предупреди и министерот за внатрешни работи на Берлин, Андреас Гисел, за телевизијата ЗДФХојте. За вмешаноста на неонацистите сведочи и фактот дека полицијата ги пријавила организаторите не само поради непочитување на мерките за социјално дистанцирање, туки и поради противзаконските неонацистички и антисемитски симболи.
The post Германците важат за разумни, но зошто тогаш масовно протестираа против маските и мерките? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Германците важат за разумни, но зошто тогаш масовно протестираа против маските и мерките? (ВИДЕО) was first posted on август 3, 2020 at 8:22 pm.