22:13 - 22 декември, 2024

Филипче за свадбите и чочеците: Апсолутно ги осудувам, граѓаните да не ги организираат!

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција остро ги осуди масовните собирања на кои сведочиме деновиве во приватна режија, меѓу кои свадбите, матурските прослави, полуматурите, скарите и разните прослави. Тој рече дека ваквата неодговорност е поигрување со трудот на здравствените работници и здравствениот систем што е столбот на државата. Тој ги повика институциите да бидат поажурни и да казнуваат, а на граѓаните им порача да не ги организираат ваквите настани.

Како што претходно објавивме, граѓаните се во свадбарско матурска треска, се организираат забави во домашен амбиент, но и во дискотеки и покрај тоа што ниту протоколите тоа го дозволуваат, ниту пак на вакви собири е возможно да се запазат мерките за заштита од коронавирусот, меѓу кои носењето маска и одржувањето дистанца.

-Апсолутно ги осудувам, апсолутно. Не можеме да си дозволиме таков луксуз да си поигруваме со трудот на здравствените работници целиот овој период, со здравствениот систем генерално а и со државата. Внимавајте, здравствениот систем е во моментов столбот на државата. Не смееме да дозволиме со нашето неодговорно однесување да го загрозиме. Лекарите и сестрите работат по 24 часа од почеток на кризата. Дел од нив се преморени. Ова е апсолутно минимизирање на нивниот труд и нивниот влог во здравјето на граѓаните. Повторно ќе апелирам до сите институции максимално и интензивно да работат на терен да ги санкционираат сите овие настани. Граѓаните да не ги организираат.

Во врска со решенијата за изолација за кои 450 граѓани одбиваа или од други причини не ги добија, Филипче посочи дека тие се испратени по пошта.

– Триесетина од нив не се доставени, ќе почекаме уште ден или два и сите граѓани што не ги добиле решенијата за изолација од различни причини, списокот ќе го објавиме јавно, истакна тој.

The post Филипче за свадбите и чочеците: Апсолутно ги осудувам, граѓаните да не ги организираат! appeared first on Слободен печат.


Филипче за свадбите и чочеците: Апсолутно ги осудувам, граѓаните да не ги организираат! was first posted on јуни 22, 2020 at 7:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....