-2.2 C
Скопје
19:49 - 22 декември, 2024

Филипче, и треба да си разочаран, а што да каже народот?

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потврди дека е регистриран четврт случај на коронавирус во Македонија. Станува збор за, замислете, лекарка, директорка на Клиниката за кожни болести. Оваа, во јавноста доста позната и реномирана лекарка, била во Италија, се вратила, и не се пријавила, не се ставила во самоизолација и дури пет дена одела на работа. Но, утешително е дека немала директен контакт со пациенти?! А во канцеларија пет дена никој не и влегол? Пет дена не одела во продавница, во ресторани, не комуницирала со никого?!

Замислете само колку луѓе довела во опасност оваа докторка. Каде е лекарската етика тука? Каде е лекарската одговорност? Па нели докторке, пациентите пред се?

Како е можно доктор да си дозволи да биде толку себичен и да ризикува уште стотици други луѓе околу себе да се разболат од коронавирус? Како воопшто било кој може да си дозволи да биде толку себичен? Дури и во ваков случај, мораше да се потврди македонската девиза „да му умре козата на комшијата“.

И секогаш си страдаме самите од себе, од нашите непромислени постапки, од нашата себичност и преголема сигурност во себе. Министре, рековте дека сте разочаран. И треба да бидете, издадовте препораки за почитување, но кој да ви ги почитува? Треба да имате совесен народ за да ги почитува овие ваши препораки.

А што да каже народот? Каква доверба  треба да имаат луѓето во здравствениот систем кога секогаш некој од вас го руши лекарскиот углед. И треба да веруваме дека лекарите се грижат за нашето здравје? Не би рекла.

 

The post Филипче, и треба да си разочаран, а што да каже народот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....