Еден маж е убиен за време на протести во Тексас, САД, кога во него пукал возач на автомобил на кој тој му се доближил, соопшти денеска тамошната полиција.
Пукањето се случило пред 22 часа за време на протестите во Остин, соопшти утринава за новинарите портпаролката на полицијата Катрина Ратлиф.
Мажот е одведен во болница, јкаде подоцна починал, а еден очевидец раскажал дека автомобилот се упатил кон демонстрантите.
Во еден момент кон автомобилот се доближил маж, кој, според тврдењата, носел пушка, а возачот пукл во него и побегнал од местото на настанот.
Демонстрантите се собраа синоќа во Остин во рамките на протестот „Blackk lives matter“.
Исто така, до нереди дошшло и во другите американски градови, па такаво Сиетел полицијата почнала да растерува демонстранти кои ги нападнале со шишиња и други предмети.
Во градот Аурора во Колардо возач со џип влетал помеѓу демонстрантите. Еден демонстрант извлекол пиштол и пукал во него.
Насилни демонстрации шиурум САД синоќа се одиграа уште и во Луизвил, Портланд и Орегон.
The post ФАТЕН МОМЕНТ ОД УБИСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ОСТИН: Продолжуваат нередите ширум САД! (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
ФАТЕН МОМЕНТ ОД УБИСТВО НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ОСТИН: Продолжуваат нередите ширум САД! (ВИДЕО) was first posted on јули 26, 2020 at 5:33 pm.