Според меѓународните организации, економијата на Кина е негативно погодена од почетокот на фаталниот коронавирус, што пак ќе има негативен ефект врз глобалната економија.
Економистите очекуваат вирусот да предизвика загуби и нарушувања во различни сектори, како што се воздушниот сообраќај, меѓународната трговија, туризмот…
Сепак, во меѓувреме, можно е економиите на некои земји да имаат корист од целата ситуација.
Една од нив би можела да биде Турција. Според турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк, вирусот има некои позитивни ефекти врз турската економија во однос на воведување на алтернативна производствена база за Кина.
Како што објавија турските медиуми, Варанк соопшти дека добавувачите од странство почнале да покажуваат поголем интерес за производителите во Турција.
– Секако, ние не сакаме земјите да имаат такви проблеми. Сепак, во светот постои постојано движечка економија“, рече тој, додавајќи дека доколку дојде до таа задача, Турција ќе се справи со тоа.
– Турција е земја која може да „произведува скоро во секој сектор“, рече Варанк, додавајќи дека е во можност да ги зголеми капацитетите, како алтернатива за другите земји.
Вирусот, кој за прв пат е откриен во декември во градот Вухан, главниот град на централната кинеска провинција Хубеи, го зголемува бројот на починатите во Кина на над 1.380 лица.
Досега има заразено повеќе од 64.000 луѓе на глобално ниво – претежно во Кина.
The post Една економија може да профитира од појавата на коронавирусот appeared first on Слободен печат.