1.8 C
Скопје
08:07 - 25 декември, 2024

Државата го игнорира проблемот со најмладите преносители: Репродуктивниот број на заразени лица повторно е над единица

Министерството за здравство не дава одговор на прашањето какви мерки ќе се преземат за да се намали бројот на заболени деца од коронавирус, кој за неполн месец порасна за дури 6,5 пати. Иако досега здравствените власти постојано потсетуваат дека децата се најпотентен преносител на вирусот, не се најавуваат дополнителни мерки со кои ќе се застане на патот на овој начин на ширење на вирусот. Во меѓувреме бројот на заболени од ковид-19 продолжува брзо да расте на што укажува базичниот репродуктивен број кој повторно е на еден.

Бројот на заболени деца од ковид-19 за неполн месец се зголеми за 6,5 пати

Бројот на заболени деца од ковид-19 е во постојан пораст, како што расте и вкупната бројка. Придонес за тоа дава и фактот што по завршување на училишната година и олабавувањето на мерките децата своето слободно време го поминуваат по парковите и меѓу зградите каде се собираат во голем број. Според последниот Извештај за состојбата со ковид-19 во земјава и светот на Институтот за јавно здравје кај деца на возраст од 0-9 се регистрирани 349 случаи, а кај оние на возраст од 10-19 години, 357 случаи. Пред помалку од еден месец односно на 20 јуни, кај децата од 0-9 имало само 53 случаи, додека кај возрасната група од 10-19 години 58. Бројките покажуваат дека бројот на заболени деца и млади е зголемен за околу 6,5 пати и тоа за неполн месец.

На прашањето дали ќе се преземат некои дополнителни мерки за овие бројки да се намалат од Министерството за здравство во чии рамки функционира и Комисијата за заразни болести нема никаков одговор.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања Козле, Ангелчо Андоновски во изјава за „Слободен печат“ вели дека препораките се дадени, а дека полицијата треба повеќе да биде присутна на местата каде се собираат младите сами и со родителите и да укажува на непочитувањето на носењето на заштитна маска или пак на забраната за собирањето во големи групи.

Од друга страна на брзиот тренд на ширење на вирусот укажува и базичниот репродукционен број, кој веќе трет ден стои на 1,18. Според статистичките пресметки на професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола до крајот на месецов ќе го имаме и 10.000 заболен од ковид-19, иако министерот за здравство Венко Филипче велеше дека епидемијата ќе ја завршиме со 2.000 заболени.

 

The post Државата го игнорира проблемот со најмладите преносители: Репродуктивниот број на заразени лица повторно е над единица appeared first on Слободен печат.


Државата го игнорира проблемот со најмладите преносители: Репродуктивниот број на заразени лица повторно е над единица was first posted on јули 16, 2020 at 7:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....