Ова го тврди Светската здравствена организација која ја отфрла можноста најголемиот спортски настан да се одрожи доколку во меѓувреме не се пронајде вакцина за ковид-19.
„Доколку се најде вакција на ковид-19, тогаш Олимписките игри во Јапонија ќе се одржат во 2021 година. Во спротивно, не е реално да се одржат“, стоиво соопштението на Светската здравствена организација.
Сличен став неодамна изнесе и директорот на организацискиот одбор на Игрите во Токио, Тоширо Муто, кој најави дека нема гаранции дека вирусот ќе се стави под контрола до идното лето.
ИОК и организаторот претходно одлучија, Олимписките игри во Токио да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.
The post Доколку наскоро не се пронајде вакцина, нема Олимписки игри ниту во 2021 година appeared first on Слободен печат.