Французите се доста прецизни. Го најдоа пациентот кој што е заразен во декември. И тие немаат сомнеж во тој поглед. Значаен момент е дека тој не патувал никаде. Што значи дека е заразен од некој друг. Но, тука се отвора нова димензија – што доколку вирусот бил присутен во Европа уште од декември. Многу е важно да се знае кога бил присутен вирусот за да се знае повеќе околу колективниот имунитет, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Александар Митов.
РИГОРОЗНИТЕ МЕРКИ
-Што е суштината на ригорозни мерки? Тоа е купување на време. Се чека од некои од центрите каде што активно се работи да се дојде до некое решение. Би сакал да истакнам два моменти. Првиот момент е дека е добро што се појави интерес да се фокусираме на бројките на морталитет. Да ги објавевме бројките за морталитет пред 3 месеци, на дневна, на годишна основа, тоа ќе беше прилично досадно, каде што немаше да им бидат интересни податоците на граѓаните. Но сега и кај нас и во светот е таму свртен фокусот. И тоа е добро, затоа што можеме вистинските прашања да ги ставиме на маса. А вистинските прашања се – Короната ќе дојде, ќе земе замав и ќе помине, но ние имавме, имаме и ќе имаме проблеми со другите пандемии кои де факто се присутни – со дијабетот, со зголемената телесна тежина, со зголемениот крвен притисок. Кај нас смртноста на прво место е од срцеви заболувања, на второ од малигни болести, изјави д-р Митов.
ПОПУЛИЗМОТ ВО МЕДИЦИНАТА
На површина дојде и популизмот во медицината, кој што е многу опасен. На површина излегуваат информации од „експерти“ од медицински лица, кои што пркосат на СЗО и Министерствата за здравство во цел свет. Луѓето сакаат да слушнат добри вести и мене ми е многу лесно сега, ако сум нечесен, да тргнам да го утешувам населението и да велам ова е нешто малку повеќе од грип, еве го летото, ќе стане топло, опуштете се. Секој знае што сака да слушне јавноста, тоа е многу лесно, но ние имаме една опасна ситуација. Имено, имаме луѓе кои што знаат дека ова е штетно да се зборува, сепак продолжуваат да го шират тоа и да ги зборуваат тие смирувачки информации.
Освен личниот момент на популарност, на јавноста ќе и донесе многу штета. Жално е што официјални медицински инстиуции не се спротивставуваат на ширењето на ваквите иформации. Не можете вие лабаво да излегувате и да зборите контра СЗО. Не се најпаметните луѓе сега во Македонија, закопани некаде и сега ние треба да им го покажеме Светиот грал на научниците во светот и на Јапонците, Американците, Германците да им кажеме луѓе остајте тоа – јас ќе ви кажам што е Коронавирусот. Но ги имаме тие парадоксални информации, истакна Д-р Митов и додава дека најчесто жртви се оние луѓе кои што им веруваат на индивидуи кои што зборат со голема самодоверба.
ЗДРАВА ИСХРАНА
-Постојано се појавуваат и замираат разни трендови. Трендот на здрав начин на исхрана и општо, здравите навики, тука не е утната работата. Тука трендот е на вистинското место. Овојпат станува збор за тренд кој има цврста основа во науката и во научните факти. Велиме, медицина базирана на докази. Оттука и популарните трендови би требало да бидат базирани на докази. Најголемиот број од болестите што предизвикуваат смртност – кардиоваскуларните, срцевиот удар, мозочниот удар, дијабетес тип 2, карциномите, сите се поврзани со начинот на живеење. Затоа е многу важно да живееме здраво и да се храниме правилно, истакна д-р Митов.
The post Д-р Митов: Короната ќе помине, ние имаме проблеми со други пандемии – Кај нас смртноста на прво место е од срцеви, а на второ од малигни болести appeared first on Слободен печат.