2.8 C
Скопје
15:07 - 20 декември, 2024

„Черчиловата судбина на Северна Македонија” – коментар на француското радио Франс Интер за изборите

„Черчиловата судбина на Северна Македонија” – под овој наслов најслушаното француско радио Франс Интер, кое е дел од јавниот сервис, се осврна со долг коментар на последните парламентарни избори во Северна Македонија, кои според коментаторот „беа клучни за земјата, која имаше избор помеѓу влегување во Европската унија или предавање на националистичките сирени”, јави дописникот на МИА.

-Вистина е дека законодавната судбина на оваа мала балканска земја со едвај два милиони жители може да изгледа анегдотска. И, сепак, она што се одлучи во Скопје е возбудливо и круцијално, објаснува Антони Беланже, во една од најслушаните хроники „Геополитика” на француското радио Франс Интер.

Прво, вели тој, ситуацијата: Северна Македонија беше трн во ногата на целиот регион од осамостојувањето од Југославија пред скоро триесет години.Тука е сконцентрирана сета етничка разноликост во регионот: словенското православно мнозинство, големо муслиманско албанско малцинство – четвртина од населението , Роми, па дури и турско малцинство. И исто така концентрат на регионални влијанија, објаснува коментаторот.

-Да бидам брз, имате од една страна националисти кои гледаат кон Москва и социјалдемократите кои, од своја страна, сонуваат за Европа и НАТО. Во средина ги имате Албанците чии партии ќе го определат идниот премиер. Но, пред сè, ја имате Грција, вели францускиот аналитичар.

Грција, како што објаснува Франс Интер,  „признава само една Македонија”

Грците повеќе од 30 години го спречуваа својот мал сосед легално да постои, одбивајќи земјата да го носи името Република Македонија. За Атина, единствената и уникатна Македонија е грчка и го има Солун како главен град. Очигледно, толку многу упорност им служеше прекрасно на националистите од Скопје кои веќе 25 години ги имаа Грците како страшило, потсетува Антони Беланже.

-Потоа, дојде едно демократско чудо: во 2016 година – социјалдемократите предводени од младиот лидер Зоран Заев – формираа сојуз со албанските партии и ја зазедоа власта. Тогаш, сè започна да се одмотуива. Зоран Заев успева да го оствари за 30 месеци тоа што никој од неговите претходници не успеа да го стори за 30 години: прво потпишување во 2018 година договор со Грција. Земјата оттогаш се нарече Северна Македонија. Потоа, минатиот март да стане 30-та членка на НАТО. Конечно, таа ќе ги почне преговорите за членство во Европската унија. За неколку месеци странските инвестиции се удвоија и Грција ја отвори границата. Зоран Заев е еден вид Черчил од Балканот, вели коментаторот,

Франс Интер притоа потсетува и на, како што се посочпува, не многу разбирливото вето на Париз за почетокот на преговорите, со што, на еден начин Франција ја имаше улогата на „лош генијалец” кој доведе до овие избори.

-Судбината на земјата не би била споредлива со онаа на Черчил, ако немаше пот, крв и солзи, нели? Значи, мораше да има лош генијалец во оваа приказна. И овој лош генијалец, замислете, тоа е Франција, нагласува Франс Интер.

Во овој контекст коментаторот почсочува на одлуката за прдвремените избори.

-Во октомври 2019 година, Париз ги блокираше преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Премиерот Зоран Заев се обидува да темпира: но Париз не прифаќа и опстојува. Така минатиот јануари беше принуден да свика предвремени избори. Причините што ја натераа Франција да биде непопустлива на овој начин се веројатно одлични. Но, потребно е многу време да се објаснат. Резултатот од ветото на Париз е тоа што им даде нова надеж на проруските националисти и со тоа на Москва, продолжува кометарот,.

Тој заклучува дека влоговите на предвмените избори во земјава беа Брисел или Москва.

Москва, која прави се за да го оддалечи  Скопје што е можно побрзо од Брисел и НАТО. Тоа беа влоговите на парламентарните избори: Брисел или Москва. Неизвесноста сè уште трае. Двете страни добиваат од 35 до 36% од гласовите со предност за еврофилите. На крајот на краиштата, социјалдемократите треба да разговараат со албанските партии и да го избегнат познатото проклетство на Черчил, според кое еден херој го одведе својот народ до победа, но ги загуби изборите, колку тоа и да не му се допаѓа на Париз, завршува хрониката „Геополитика” на Франс Интер.

The post „Черчиловата судбина на Северна Македонија” – коментар на француското радио Франс Интер за изборите appeared first on Слободен печат.


„Черчиловата судбина на Северна Македонија” – коментар на француското радио Франс Интер за изборите was first posted on јули 18, 2020 at 3:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....