-5.2 C
Скопје
01:41 - 23 декември, 2024

Бројот на гласачи на изборите нема да го намали само Ковид-19, туку и недовербата во партиите

Партиите стравуваат дека граѓаните на овие парламентарни избори ќе излезат во помал број поради пандемијата од коронавирусот. Според директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, тие не се далеку од вистината, но намалениот број на граѓани кои ќе излезат на гласање ќе биде и поради летните одмори, како и поради паднатата доверба во партиите.

Откако партиите постигнаа договор за избори, се очекува договор да има и за прецизни здравствени протоколи и за моделот на изборните кампањи со кои партиите очекуваат да ги мотивираат гласачите да излезат и да гласаат. Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека би било убаво партиските кампањи да бидат унифицирани со кои ќе можат граѓаните на здравствено – безбеден начин да ја следат кампањата, односно партиската понуда.

– Со тоа ќе ги мотивираме граѓаните да можат да излезат во што поголем број на денот на гласањето. Логично е дека овие избори ќе бидат поинакви, и секако е јасно дека големи митинзи и собири ќе нема. Во моментов, додека бројките на заболени се големи, ние од СДСМ нема да правиме ниту мали собири. Онаму каде ќе ги правиме, тоа ќе биде на дистанца. Ќе ги користиме сите алатки. Верувам дека ќе се усогласиме со сите здравствено-безбедносни протоколи и за кампањата и за денот на изборите – рече Заев.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека пандемијата со коронавирусот, може да ја намали излезноста на изборниот ден. Затоа посочува дека здравствените протоколи треба да овозможат граѓаните доброволно да сакаат да го исполнат своето со Устав загарантирано право.

– Од тие причини, наместо еден ден, ќе имаме ден повеќе за да можат сите ризични категории кои нема да бидат во можност да излезат на избирачките места, тоа да го сторат во своите домови. Цениме дека на тој начин може да интервенираме во излезеноста и таа да биде поголема. Истовремено ги повикувам надлежните, и од ДИК и од Комисијата за заразни болести и од Владата кои се одговорни да ги спроведат овие избори, да овозможат услови во кои граѓаните ќе можат масовно да излезат и да го дадат својот глас и да го исполнат своето гласачко право – рече Мицкоски.

Според Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, не е само пандемијата од коронавирусот таа што ќе ги натера граѓаните да не гласаат. Тоа се и летните одмори, но и недовербата во политичките партии.

– Сега во моментов правиме анкета во која има прашање до испитаниците и за излезноста на предвремените парламентарни избори. Мое мислење е дека во ваква ситуација може да се очекува помала, или многу помала излезност за која можеби здравствената состојба нема да биде главната причина. Ќе биде битна, особено ако не се смират бројките односно не се намалат до едноцифрени. Верувам дека голем број од луѓето, особено постарите, два пати ќе размислат дали да излезат на гласање, сметајќи дека нема да е безбедно. Уште една од причината за намалување на бројот на гласачи ќе бидат и летните одмори. Сепак добро е што изборите ќе бидат пред 20 јули, датум по кој македонските граѓани традиционално одат на одмор – вели Кржаловски.

Но, Кржаловски посочува дека сепак, најголем број на граѓани нема да излезат и да го остварат своето уставно право да гласаат поради намалената доверба во политичките партии.

– Мислам дека најголем ризик за излезноста на граѓаните на овие избори е довербата, односно недовербата во политичките партии. Во овој период таа е на најниско ниво споредбено со изборните циклуси реализирани во последните 20 години. Тоа го покажуваат анкетите и на други аналитички центри, па и на нашата МЦМС. Во целина, рејтингот на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се спушти под 20 проценти. Разочараноста во партиите е битен фактор кој голем дел од гласачите се очекува да ги предомисли за да излезат на избори сметајќи дека немаат некој избор – вели Кржаловски.

Тој смета дека со јасни и прецизни протоколи за изборниот ден со кои гласачите ќе се уверат дека заштитата ќе биде на максимално високо ниво, може да се превенира и да се убедат оние гласачи кои поради заразата нема да излезат на гласање.

The post Бројот на гласачи на изборите нема да го намали само Ковид-19, туку и недовербата во партиите appeared first on Слободен печат.


Бројот на гласачи на изборите нема да го намали само Ковид-19, туку и недовербата во партиите was first posted on јуни 16, 2020 at 1:18 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....