3.8 C
Скопје
17:21 - 21 декември, 2024

Брнабиќ: Нов шеф на дипломатијата е Селаковиќ, Вулин на полиција

Мандатарот за состав на новата српска влада Ана Брнабиќ денеска за нов министер за надворешни работи треба да го именува генералниот секретар на претседателот на државата Никола Селаковиќ.

Брнабиќ на пратениците во Собранието на Србија ќе им го предложи за министер за полиција Александар Вулин, а за одбрана Небојша Стефановиќ, како што наведе таа после седницата на Претседателстовто на Српската напредна партија.

Досегашната пратеничка од Демократската партија Гордана Чомиќ е предвидена за министерка за човекови и малцински права и социјален дијалог.

На Социјалистите им припаѓаат две министерски места, од кои едно без ресор, кои подоцна ќе бидат соопштени.

Брнабиќ рече дека тоа ќе биде влада полна со енергија подготвена за сите предизвици.

Тоа ќе биде влада на политички континуитет, рече претседателот на државата и на партијата Александар Вучиќ.

Ова се имињата на новите министри во владата на Србија предложени од мандатарот Ана Брнабиќ:

Министерство за финансии Синиша Мали

Министерство за стопанство Анѓелка Атанацковиќ

Министерство за за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ

Министерство за заштита на животната средина Ирена Вујовиќ

Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура Томислав Момировиќ

Министерство за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ

Министерство за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ

Министерство за правда Маја Поповиќ

Министерство за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ

Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог Гордана Чомиќ

Министерство за внатрешни работи Александар Вулин

Министерство за одбрана Небојша Стефановиќ

Министерство за надворешни работи Никола Селаковиќ

Министерство за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ

Министерство за образование, наука и технолошки развој од редовите на Социјалистичката партија на Србија (СПС), чека партијата да соопшти кој ќе биде

Министерство за здравство Златибор Лончар

Министерство за труд, вработување, боречки и социјални прашања Дарија Кисиќ Тепавчевиќ

Министерство за грижа за семејство и демографија Ратко Димитровиќ

Министерство за млади и спорт Вања Удовчиќ

Министерство за култура и информирање Маја Гојковиќ

Министерство за грижа за село Милан Кркобабиќ.

(Извор: Бета)

Новата српска влада со три нови министерства- ресори за селото, човековите права и семејството

The post Брнабиќ: Нов шеф на дипломатијата е Селаковиќ, Вулин на полиција appeared first on Слободен печат.


Брнабиќ: Нов шеф на дипломатијата е Селаковиќ, Вулин на полиција was first posted on октомври 25, 2020 at 3:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....