Коронакризата им ги помати плановите и на политичарите, па предвремените парламентарни избори кои требаше да се одржат на 12 април се одложени. Партиските лидерите на 12 мај ќе имаат средба со претседателот Стево Пендаровски на која ќе треба да го договорат новиот датум з аизбори. Како можни се спомнуваат 28 јуни и 14 јули.
„Слободен печат“ денеска ги праша граѓаните, дали според нив токму ова лето е вистински тајминг за одржување на избори, како и дали доколку тоа се случи, тие би излегле да гласаат.
Првичниот впечаток е дека луѓето сè уште не се опоравени од ситуацијата со Ковид-19, па генерално нè покажуваат голема заинтересираност за излезност на евентуални избори.
Меѓутоа, имаше и такви кои и во оваа состојба би сакале да го остварат своето граѓанско право, па немаат проблем со тоа и летово да излезат и да го дадат својот глас.
Во прилог погледнете ја анкетата:
The post АНКЕТА: Ги прашавме граѓаните, дали треба да има избори во услови на коронавирус? appeared first on Слободен печат.