-2.2 C
Скопје
08:49 - 23 декември, 2024

Андоновиќ: Сирија е сериозен испит за руско-турското сојузништво

Новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ја анализираше тензичната состојба во северозападниот дел на Сирија. Турската армија прераспореди поголем број воени оклопни сили во областа Идлиб и воспостави поголем број на борбени позиции, со цел во наредните денови да го блокира напредувањето на сириската армија во овој регион.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција ќе се одмазди за убиството на 16 турски војници кои загинаа во нападот на сириската армија врз позициите во регионот на Идлиб. Турција распореди свои трупи во овој дел, најавувајки дека ќе ги потисне сириските сили кои се во офанзива, зад турските набљудувачки пунктови. Воспоставување на овие позиции не се координирани со Русија и Дамаск што може да предизвика зголемување на тензиите во регионот.

Русија ја обвини Турција дека не ги почитува договорите кои меѓусебно ги постигнале по прaшањето на Сирија, како и дека ја влошува ситуацијата во сириската покраина Идлиб, кадешто сириските владини сили напредуваат во борбата за ставање под контрола на последното упориште на бунтовниците и џихадистите во деветгодишната војна.

Офанзивата на Идлиб, северозападниот сириски град во истоимената покраина во близина на Турција, принуди илјадинци во бегство и во судирот ја вовлече турската војска чии 14 припадници загинаа во сириски артилериски напади во последните десет дена.

Кремљ, како и руските министерства за надворешни работи и за одбрана, ја обвинуваат Турција дека има лоши намери, што се смета за еден од најсилните знаци дека Сирија ги загрозува инаку добрите односи меѓу Москва, којашто ја поддржува сириската влада и интервенира во земјата по нејзино барање, и Анкара која поддржува одредени групи од вооружената опозиција, а еднострано презема воена операција на сириска територија за да ги одбие силите на сириските Курди од својата граница.

Кремљ ја обвини Анкара дека не се придржува до своите ветувања дека борбено ќе ги неутрализира милитантите во Идлиб, кои ја ракетираат соседната сириска покраина Алепо, од која поголемиот дел во целиот конфликт е под контрола на сириската армија. Москва смета дека тоа е недозволиво и нејзината дипломатија ја потсети Анкара дека нејзините сили на сириската територија се без дозвола од владата во Дамаск, додека министерството за одбрана порача дека турската војска сериозно ја влошува ситуацијата на теренот кај Идлиб. Министерството за одбрана, исто така, го отфрли тврдењето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој изјави дека руските воздухопловни сили и правојските кои ги поддржува Иран „постојано напаѓаат цивили, предводат масакри и пролеваат крв“.

– Изјавите на турските претставници за наводни напади на руските сили врз цивили во зоната на деескалација во Идлиб не соодветстуваат на стварноста. Вистинската причина за кризата во зоната на деескалација, за жал, е изостанувањето на дејствување на нашите турски колеги да ја одвојат умерената опозиција од терористите – соопшти руското министерство за одбрана.

Додава дека присутноста на турската војска во Идлиб значително ја влошила ситуацијата, како и пренесувањето на вооружување за милитантите преку сириско-турската граница. Русија ја критикуваше Турција откако Ердоган се закани дека турската војска ќе ги нападне сириските сили каде и да е на сириска територија, доколку настрада уште еден турски војник.

Русија, која е близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, постигна договор со Турција во 2018 година. Со него се предвидуваат создавање на демилитаризирани зони во Идлиб и заеднички партолирања, но договорот во последните седмици не се почитува поради зголемувањето на тензиите воопшто во регионот.

Според договорот од мај 2017 година на преговорите во грдаот Нурсултан, претставниците на Русија, Турција и Иран постигнаа договор за формирање на четири зони на деескалација во Сирија. Териториите на три од нив во текот на 2018 година минала под контрола на силите на Дамаск. Четвртата зона која е во Идлиб и делови од соседните покраини Латакија, Хама и Алепо, сѐ уште се под контрола на милитнатите.

Покрај тоа, поголемиот дел од воите џебови се под контрола на џихадистичката групација Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда. Во септември 2018 година во Сочи, Русија и Турција го постигнаа договорот за демилитаризирана зона во Идлиб, каде што дејствуваат десетици различни бунтовнички групации.

The post Андоновиќ: Сирија е сериозен испит за руско-турското сојузништво appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....