3.8 C
Скопје
13:14 - 23 декември, 2024

Анализа на домашни автори и странски научници: Нè чека поблага зима со зачестени магли што е во прилог на ковид-19

Научници од Германија и од Кипар во својата неодамна објавена студија, упатуваат на фактот дека околу 15 проценти од смртните случаи од ковид-19 може да се припишат на долгорочната изложеност на аерозагадувањето и лошиот квалитет на амбиенталниот воздух.

Според исказите на професорот Томас Минзел од Универзитетскиот медицински центар „Јоханес Гутенберг“, кога луѓето вдишуваат загаден воздух, малите загадувачки честички PM2.5, одат од белите дробови кон крвните садови, предизвикувајќи воспаление и сериозен оксидативен стрес, што е нерамнотежа помеѓу слободните радикали и оксидантите во организмот кои нормално го поправаат оштетувањето на клетките.

– Ова предизвикува оштетување на внатрешната обвивка на артериите, ендотелот и доведува до стеснување и зацврстување на артериите. Вирусот ковид-19, исто така, влегува во организмот преку белите дробови, предизвикувајќи слично оштетување на крвните садови, а сега се смета дека е ендотелијална болест. Во случај на двојно влијание или комбинација од долгорочната изложеност на аерозагадување и инфекцијата со вирусот, тогаш се јавува негативен ефект врз здравјето, особено во однос на срцето и крвните садови, што доведува до поголема ранливост и помала еластичност кон ковид-19, посочува професорот Минзел.

Доколку индивидуата има срцеви заболувања, тогаш загадувањето на воздухот и коронавирусната инфекција ќе предизвикаат проблеми што можат да доведат до срцеви удари, срцева слабост и мозочен удар.

Ваквите најнови научни истражувања ја отворија пандорината кутија и им наметнаа на државите уште едно прашање за решавање, покрај ковидот, а тоа е аерозагадувањето кое е поизразено во зимските месеци. Метеоролошките показатели, барем засега, укажуваат на тоа дека не очекува блага зима со релативно повисоки температури од просечните за еден нормален климатски период, постабилни атмосферски услови со можност за формирање на магла и смог, посебно во урбаните средини, што само дополнително може да ја искомплицира ситуацијата со коронавирусот.

– При едно вакво сценарио, поголема е веројатноста за појава на зачестени епизоди со зголемено аерозагадување во урбаните средини и слаб квалитет на воздухот кој исклучително негативно би се рефлектирал врз здравјето на луѓето. Зголеменото аерозагадување во комбинација со присуството на ковид-19, дополнително би ја влошило и онака драматичната ситуација и негативно би се одразило врз здравјето и животот на граѓаните и сите засегнати страни и ранливи групи, велат авторите на анализата „Аерозагадувањето во текот на зимата 2020/2021 со осврт на ковид-19″ во разговор за МИА.

Доктор Оливер Зафировски од Институтот за белодробни заболувања Козле, раководителот на Секторот за прогноза на времето при УХРМ, Рада Аврамовска и д-р Владо Спиридинов, визитинг професор на ФИНКИ, се тројцата автори на анализата кои даваат свој осврт од метеоролошки и здравствен аспект.

Во нивната анализа и најновата книга со наслов „Здравјето, времето и аерозагадувањето” се наведува дека здравствените ефекти од аерозагадувањето се сериозни и оти помалите честички претставуваат поголем ризик од поголемите или поинаку кажано луѓето се посензитивни на негативните ефекти од PM2.5 отколку од PM10 честичките.

– Големината на PM честичките е директно поврзана со нивниот потен­ци­јал за предизвикување здравствени проблеми, при што по­ма­лите честички претставуваат поголем ризик од пого­ле­ми­те. Затоа, во однос на аерозагадувањето, луѓето се посен­зи­ти­вни на негативни ефекти од PM2.5 отколку PM10. Големите честички може да се депонираат на горните дишни патишта преку седиментација додека се наоѓаат на долните дишни патишта. Брауновата дифузијата може да ги депонира во алвеолите. Ултра-фините честички можат да се пренесат преку цирк­ула­цијата на крвта и да се депонираат во црниот дроб, сле­зината или мозокот. PM2.5 е познато дека ги влошува хро­­ничните воспалителни состојби на белите дробови, вклу­чувајќи белодробна хипертензија, кардиоваскуларна болест и автоимуна болест, се вели во анализата.

Партикуларните честички и ефектите врз здравјето

Авторите посочуваат дека аерозагадувањето во урбаните средини е главен социјален, здравствен, еколошки и економски проблем и оти луѓето кои живеат или престојуваат во урбаните области се под најголем ри­зик за рес­пи­раторни заболувања и дру­ги хронични здравствени проблеми.

Просечно возрасно лице секој ден инхалира околу 15.000 до 20.000 литри воздух. За нормално функци­они­рање на животот и актив­ностите на луѓето, неопходна е неза­гадена природна сре­дина, како клу­чен фактор за квалитетен и здрав живот на сите граѓани. Светската Здравствена Организација (СЗО) и Европската Агенција за животна средина (ЕЕА), во свои­­те последни извештаи упа­туваат дека повеќе од 80 проценти од луѓето кои жи­веат во урбаните средини се изложени на лош квалитет на амбиентниот воздух, со кон­цен­трации кои ги надми­нуваат утврдените прагови и упатства. На основа на резултатите од истражувањата на Светска Банка објавени во последниот извештај се констатира дека загадувањето на амбиентниот воздух со  PM2.5 и PM10, како и пречекорувањето на стандардите на ЕУ/СЗО во Македонија е широко распространето и штетно за здравјето на луѓето.

Во анализата се наведува дека резултатите за градот Скопје покажуваат дека најголемите надминувања на стандардите за квалитет на амбиентниот воздух се случуваат во текот на зима.

– Тоа го потвр­дуваат и научните ист­ра­­жу­ва­ња на експерти од ЈЗУ Универзитетската Клиника за Пулмо­ло­гија и Алергологија, како и други студии на наши истражувачи, кои упатуваат на фактот дека во последните не­кол­ку год­и­ни, Скопје се наоѓа на листата меѓу најзагадените градови во Европа. Проценките за концентрациите на PМ2.5 парти­куларни честички се дури за два пати повисоки од просечните концентрации во околните град­о­ви. Изложеноста на честички во воздухот е одговорна за околу 400,000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година, се вели во анализата.

Според тројцата автори, тешко е да се даде прецизен одговор за она што нè очекува во следниот период во однос на аерозагадувањето и вирусот, но, како што велат, метеорологијата може да даде ориентациона информација за временските прилики за претстојната зима и со тоа да помогне во превенирањето.

Според Светската здравствена организација (СЗО) и ЕЕА, аерозагадувањето е најголемиот причинител за предвремена смртност и зголемен број на заболувања на населението во Европа. Речиси десет од девет лица сега дишат загаден воздух, од кој страдаат околу седум милиони луѓе секоја година. Одредени истражувања покажаа и дека штетното влијание на аерозагадувањето најчесто се поврзува со болестите на срцето, мозочните удари и ракот на белите дробови.

The post Анализа на домашни автори и странски научници: Нè чека поблага зима со зачестени магли што е во прилог на ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Анализа на домашни автори и странски научници: Нè чека поблага зима со зачестени магли што е во прилог на ковид-19 was first posted on ноември 1, 2020 at 10:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....