Владата синоќа на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва.
На досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија не му е продолжен мандатот и ќе биде објавен јавен оглас за именување на нов директор.
Претходно, Антикорупциска поднесе иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, и побара одговорност за да го разреши. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.
Државната комисија за спречување на корупција водеше истраги по неколку пријави што ги добиле против Горјан Тозија, а една од пријавите беше поднесена и од режисерот Милчо Манчевски.
The post Агенцијата за филм ќе добие нов директор, на Тозија не му е продолжен мандатот appeared first on Слободен печат.
Агенцијата за филм ќе добие нов директор, на Тозија не му е продолжен мандатот was first posted on октомври 23, 2020 at 10:14 am.