16:17 - 12 април, 2026

Ти се спие од животецот, од смените: Марија со емотивна приказна во која секоја жена ќе се пронајде

Емотивна приказна во која секоја жена ќе се пронајде раскажа Марија Лозаноска, писателка, уметник, лектор и наставник по македонски јазик, сестра на пејачот Влатко Лозаноски-Лозано.
-Ете, драга моја, пак ја правиш руската. И лани, исто. И кифличките и пијалакот и мезињата. Оти си домаќинка, оти доаѓа Нова, оти се собрало друштво, оти мора. А, ќе ти се спие, драга моја, многу ќе ти се спие.
Од животецот, од работата, од смените, од децата. Најмногу од неисполнетите желби во старата.
Оти, за оваа година лани си посака дека поинаку ќе ја чекаш. Со поинакво друштво, на различно место, без руска.
Си велеше дека имаш цела година тоа го промениш. Но, не. Ете си, пак го бараш рецептот за руската.
Ама ако, спомни си дека имаш со кого да ја поделиш. Руска не се јаде сам. Ќе се одмориш на први.
И ќе си спомнеш дека си жива и здрава. И твоите. А, в година кажи дека немаш рецепт за руска.

Нека направат тие. И спомни си дека нема ништо лошо во руската. Имаш цела година да го сфатиш тоа- напиша Лозаноска на Фејсбук.

Слични објави

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....