13:32 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ви треба ли за утре чадор?

– Како што веќе кажавме и најавивме, од утре па во следните денови потоа следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека позитивни ќе бидат и минималните утрински температури – вели нашиот мето прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион во текот на следниот период ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за повремен локален дожд. Ќе започне да дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 9 степени.

НАПОМЕНА: Поради топлото време и високите температури на воздухот, во текот на следниот период се очекува и топење на снежната покривка на повисоките места и на планините.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....