7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

(Фото) Меган Фокс со нова тетоважа на пикантно место: Црна змија наместо име

Американската актерка и модел Меган Фокс ја извади тетоважата на своето тело која била посветена на нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин. Цртежот на десната страна на долниот дел на стомакот, кој го прикажува името на Брајан, сега се претвори во црна змија која ја обвиткува опашката околу цвеќиња. Соодветната фотографија беше споделена во „стори“ на Инстаграм на сопственичката на салонот за тетовирање.

„Благодарам за довербата Меган Фокс. Можеше целосно да се сокрие старата тетоважа под новата змија и цвеќињата што ги сакаше…“, се наведува во описот на објавата.

Инстаграм

Меган Фокс беше во брак со актерот Брајан Остин Грин девет години и се разведе од него на 8 февруари 2022 година. Поранешните сопружници имаат три заеднички деца. Пред 13 месеци тој го доби синот Зејн Вокер, чија мајка е австралијката ѕвезда во жирито на „Танц со ѕвездите“, Шарна Бурџис.

Покрај змијата со цвеќиња, Меган покажа уште неколку тетоважи на прстите кои ѝ ги направи мајсторот од Лос Анџелес Сидни Смит. Фокс сега има мали ѕвезди, крстови, месечина, точки, ѓердан и бројот 11 на левата рака, и мали точки, ѕвездички, бројаница, око и повторно бројот 11 на нејзината десна рака.

Инстаграм

Покрај тетоважата, актерката се пофали и со „метален“ маникир од основачот на Nails of LA, Британи Бојс.

Фокс моментално е во врска со музичарот Машин Ган Кели. Неодамна парот, кој во меѓувреме се сврши, беше на работ на разделба. Сепак, се смирија, а последен пат биле видени како се држат за рака на 31 мај кога излегле од хотел во Лондон.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....