6.8 C
Скопје
07:03 - 31 март, 2026

(Фото) Која е Елсина Хајрова, новата девојка на Том Круз: Ќерка на руски политичар, поранешна сопруга на милијардер…

Том Круз е „уловен“ со руската социјалистка Елсина Хајрова на забава во Лондон.

Елсина Хајрова и моделот Алена Авраменко на забава во Лондон/Инстаграм

Холивудската ѕвезда по долги години осаменост, според странските медиуми, влезе во романса со ќерката на пратеникот во Државната дума Ринат Хајров, Елсина Хајрова, поранешна сопруга на рускиот бизнисмен Дмитриј Цветков.

61-годишниот актер и 36-годишната социјалистка биле забележани заедно на забавата на украинската манекенка Алена Авраменко во лондонскиот Мејфер, а според очевидци нивната врска била очигледно романтична.


„Тие беа неразделни, очигледно се двојка“, вели инсајдер за „Дејли мејл“, кој бил меѓу гостите на „речиси целосно рускиот“ настан.

„Изгледаше опседнат со неа“.

Се појаснува дека заедно танцувале, по што заедно си заминале рано наутро.

„Круз беше многу пријателски настроен – постојано го бараа да се фотографира, а тој учтиво одбиваше. На крајот, диџејот мораше да објави на руски јазик дека г-дин Круз не сака никакви фотографии”, вели инсајдерот. Тој додава дека „актерот танцуваше со Хајрова речиси цела ноќ“.

Во 2021 година, Елсина Хаирова ги полнеше насловните во британскиот печат поради нејзиниот скап развод од Цветков. Двојката делеше замок од 22 милиони фунти на имотот Вентворт во Сари, како и куќи од 18 милиони фунти во Лондон и други материјални средства.

Елсина со поранешниот сопруг кој е од Санкт Петербург, Инстаграм

 

Том Круз претходно призна дека сака да поминува време во Велика Британија. Хајрова, пак, има британско државјанство; таа живее во Лондон многу години по студирањето.

Инстагран

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....