8.8 C
Скопје
10:38 - 31 март, 2026

ДРУ БАРИМОР ЗА БОРБАТА СО АЛКОХОЛИЗМОТ: Трезна сум две и пол години!

Актерката изјави дека спокојно и самоуверено се справувала со проблемите со алкохолот, но ги откри и големите психолошки проблеми кои ги доживеала по разводот од Вил Копелман во 2016 година.

Имала проблематична адолесценција и младост, но сега Дру Баримор е променета. 46-годишната актерка изјави дека е трезна веќе цели две и пол години. Патување кое таа самата го опиша како „спокојно и самоуверено“ во интервјуто за CBS Mornings. Зборувајќи за нејзината одлука, таа рече: „Сфатив дека тоа е нешто (алкохолот, н.з) што не носи никаква корист ниту за мене, ниту за мојот живот“.

За време на интервјуто, познатата глумица откри и какви проблеми имала по разводот со Вил Копелман во 2016 година.

„Поминав низ навистина болен развод и не се чувствував баш добро“, рече таа. Сепак, успеала да се извлече од кризата благодарение на љубовта кон нејзините деца, Олив и Френки.

„Имам две деца за кои требаше да се борам и ми требаше помош. Така почнав да контактирам со различни луѓе и на крајот направив некои радикални промени во мојот живот“ – искрена е Дру.

Животот на Баримор беше обележан со зависности и борба против психолошките нарушувања. На почетокот на 2021 година таа раскажа за 18те месеци што ги поминала во психијатриска установа на возраст од 13 до 14 години. Клиниката повторно ја посетила години подоцна, во екот на нејзината актерска слава. Денес пак, таа гордо вели:

„Животот е навистина прекрасен во споредба со она што беше. Не ми се верува дека стигнав до каде што сум сега, бидејќи кога бев на клиниката мислев дека ќе останам таму засекогаш“.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....