9.8 C
Скопје
20:52 - 16 март, 2026

Ѕвездата на Супербоул, Ашер призна дека се подготвува за трет брак: Дозволата за венчавка му е во раце!

Ашер, кој имаше ѕвезден настап на Супербоул овој викенд, го прекина молкот за гласините за брак со неговата долгогодишна девојка, музичката продуцентка Џенифер Гоикочеа. За ова пишува списанието Хелоу (Hello).

Пејачот во неделата излезе на сцената на стадионот Allegiant во Лас Вегас и предизвика бурни реакции со својот настап од 15 минути на полувремето. Со него настапија и други ѕвезди: Алиша Кис, Лудакрис и Лил Џон.

Меѓутоа, пред неговиот незаборавлив настап, Ашер се појави на насловните страници откако тој и долгогодишната девојка Џенифер „Џен“ Гоикочеа открија дека добиле дозвола за брак – во Лас Вегас, град со повеќе од 50 свадбени капели.

Ашер и Џен ја добија дозволата за брак на 8 февруари. И тие веќе се подготвуваат за свадба. Сепак, датумот се уште не е одреден.

„Видете, кога ќе најдете некој за кој знаете дека е одличен партнер, секако дека е чест и задоволство да можете да го споделите својот живот со некој кој сака да го сподели својот со тебе , со некој кој те сака таков каков што си.“  – призна пејачот.

Тој продолжи: „Очигледно се обврзавме да живееме заедно заради нашите деца. Не би било чудно да се венчаме. Веќе го направивме тоа. Знаете што зборувам?“

Ашер и Џен се во врска од 2019 година и заедно имаат двегодишен син и тригодишната ќерка.

Тој е и татко на два сина со првата сопруга Тамико Фостер. Двојката се запознала кога Тамико работела како негов личен стилист. Најстарото момче на Ашер, Цинко веќе има 16 години, а Навида Ели е една година помлада.

Ашер беше во брак двапати. И во раните 2000-ти, тој се забавуваше со Розонда Томас, членка на групата TLC.

Да потсетиме дека овогодинешниот Супербоул беше вистински триумф за Тејлор Свифт. Свифт предизвика и лавина реакции откако јавно го бакна своето момче Тревис Келче за да ја прослави победата на неговиот Канзас Сити Чифс над Сан Франциско.

Слични објави

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо
Се вчитува....