4.8 C
Скопје
01:56 - 17 март, 2026

Зошто на Пријовиќ ѝ е забранет настап во Задар: „Не сум љубител на таа музика“, објаснувањето на градоначалникот е бизарно

Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, наводно не дозволил концертот на Александра Пријовиќ да се одржи во Задар, јавуваат хрватските медиуми.

Според тамошните медиуми, концертот требало да се одржи во мај во салата „Крешимир Ќосиќ“, но Дукиќ наводно експресно одбил да ја пушти Александра да пее во градот, па концертот не бил ниту закажан ниту најавен.

Но, сега градоначалникот испратил писмено изјава до „Задарско.хр“, пишуваат медиумите.

– Живееме во слободно општество каде што секој ја слуша музиката што ја сака. Јас сум против секаков вид забрана и ме чудат ваквите конструкции во одредени медиуми. Не се занимавам со организирање концерти и не разбирам зошто се крена толкава галама за тоа. ШЦ Вишњик има своја администрација и своја деловна политика, која самостојно одлучува за програмските и комерцијалните содржини, дури и за оние кои мене лично не ми се допаѓаат. Јас лично не сум љубител на таа музика, ниту би одел на ваков концерт и само тоа имам да кажам за тоа – изјави тој.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....